Skip to main content

Често поставувани прашања за HiPP BabyClub

Од регистрација до бришење на корисничката сметка – овде ќе ги најдете најчесто поставуваните прашања за HiPP BabyClub-от.

Ако имате прашања кои не се одговорени на оваа страница, Ве молиме, не се двоумете да ни пишете преку нашата  контакт-форма.


Што да направам ако не добијам линк за потврда или ако тој не функционира?

Може да одземе неколку минути пред да се отвори линкот за активација. Ве молиме бидете стрпливи и подоцна проверете го Вашето сандаче. Ако линкот не пристигне за неколку минути, проверете ја  папката со несакана пошта или проверете да не Ви е преполно сандачето.

Копирајте го линкот на Вашиот пребарувач. Ако не функционира, контактирајте ја HiPP-родителската служба. Со задоволство ќе ја активираме Вашата корисничка сметка.

Што значи „Оваа адреса е веќе регистрирана“ ?

Во овој случај, Вие веќе сте регистрирани со оваа електронска адреса. Со задоволство ќе Ви испратиме корисничко име и лозинка под линкот „Ја заборавивте лозинката?“

Што ако го заборавам корисничкото име/лозинката?

Доколку го заборавивте Вашето корисничко име или лозинка за HiPP BabyClub-от, следете ги упатствата:

Кликнете на „Ја заборавивте лозинката“ под овој линк. Внесете ја електронската пошта што ја назначивте за регистрација во HiPP BabyClub-от. Ќе добиете e-mail со линк. Кликнете на линкот на e-mail-от или копирајте го на пребарувачот. Вашето корисничко име ќе се прикаже на страницата којашто ќе се отвори. Тогаш ќе можете да креирате нова лозинка. Прочитајте ги правилата за лозинката од безбедносни причини. 

Помош, мојата лозинка не работи!

Ако имате какви било проблеми со Вашата лозинка и со пристапот до корисничката сметка на HiPP BabyClub-от, проверете дали ја внесувате вистинската лозинка. Ако не сте сигурни, препорачуваме да ги следите инструкциите за „заборавена лозинка“. Така ќе можете да креирате нова лозинка. Ако ги копирате лозинката и корисничкото име, уверете се дека не копирате и растојание меѓу нив!

Како да ја сменам мојата електронска адреса?

Пријавете се на HiPP BabyClub и одете во Мојот профил.

Можам ли да го сменам корисничкото име?

Ве молиме користете ја контакт-формата за да нѐ контактирате за ова.

Повеќе не ми е потребена мојата HiPP BabyClub корисничка сметка. Како да ја откажам регистрацијата?

Ве молиме користете ја  контакт-формата за да нѐ контактирате.
За заштита на податоците ќе ни бидат потребни Вашето корисничко име и лозинка.

Каде да ги прилагодам поставките за повеќе да не добивам писма за родители?

Влезете во HiPP BabyClub. Одете на Мој профилМоите деца и под „Уреди деца“ ги откажувате писмата. 

Како да се отпишам од билтенот?

Влезете во HiPP BabyClub-от. Одете на Мој профил и под „Уреди профил“ можете да се отпишете од билтенот.

Како да го најдам писмото за родители за моето помало дете?

Влезете во HiPP BabyClub-от. На десната страна, ќе видите слика и под неа копчето „Ве молиме изберете бебе“. Едноставно, изберете го името на детето за кое сакате да го прочитате писмото. Страницата ќе се префрли автоматски.