Skip to main content

Календар на бременост: се што треба да знаете за Вашето патешествие од зачнувањето до раѓањето на Вашето бебе

Дали планирате бременост или веќе очекувате бебе? Нашиот HiPP календар на бременост ќе Ви биде верен придружник во текот на ова патување - во продолжение можете да прочитате се за развојот на Вашето бебе во Вашата утроба. Дознајте што ве очекува од недела во недела, во текот на целата бременост.

 

1-2. Недела

Јајце клетка

 

3. Недела

< 1 mm

 

4. недела

< 1 mm

 

5. Недела

1-2 mm

 

6. Недела

2-3 mm

 

8. Недела

1,5 cm

 

9. Недела

2,6 cm

 

10. Недела

2,8-3,1 cm

 

11. Недела

3,7-4,1 cm

 

12. Недела

5-5,5 cm

 

15. Недела

9,5-10 cm

 

16. Недела

10,8-11,6 cm

 

17. Недела

11-12 cm

 

18. Недела

12,5-14 cm

 

20. Недела

16-20 cm

 

21. Недела

26,7 cm

 

23. Недела

28-30 cm

 

24. Недела

30-31 cm

 

25. Недела

34-35 cm

 

26. Недела

35-36 cm

 

27. Недела

36-36,6 cm

 

28. Недела

37-37,2 cm

 

29. Недела

38,7 cm

 

31. Недела

41,5-41,8 cm

Бременоста е многу убав и возбудлив период за мајките кои очекуваат принова, а секако и за идните татковци. Секоја гестациска недела крие нови изненадувања за Вас. Нашиот HiPP календар на бременост Ви обезбедува ви овозможува преглед на најважните настани во текот на 40-те гестациски недели. Дознајте повеќе за секоја недела поодделно:

  • Колку е големо моето бебе?
  • Кои развојни фази ги поминува моето бебе?
  • Кои знаци и симптоми може да ги забележам?
  • Како ќе се чувствувам како идна мајка?

HiPP календарот на бременост опфаќа различни проблеми со кои може да се соочите. Многуте совети и објаснувања ќе Ви помогнат да разберете што се случува во Вашето тело за време на бременоста. 

Како да ги броите гестациските недели?

Бременоста вообичаено трае 40 недели. Броењето на Вашата бременост започнува од првиот ден на Вашиот последен менструален циклус иако сеуште не сте бремени. Се зема овој начин на пресметување за почеток на бременоста бидејќи не можете точно да знаете кога се случил зачетокот, но го знаете точниот ден на Вашиот последен менструален циклус. Во текот на третата недела Вие овулирате и јајце клетката се оплодува. Потоа, 9 месеци подоцна, ќе се роди Вашето бебе.

Многу бргу ќе Ви стане јасно како се пресметува напредокот на Вашата бременост (пр. недела 4+3). Секогаш се пресметува до точниот ден: во просек, има 280 дена или 40 недели помеѓу првиот ден од Вашиот последен менструален циклус и раѓањето на Вашето дете. Напредокот на бременоста се пресметува во недели и потоа денови, па броевите од +1 до +6 ги претставуваат деновите.

Земајќи го претходниот пример “недела 4+3”: Ги пресметувате полните недели плус деновите од следната недела, што значи дека Вие сте бремена 4 недели и 3 дена. Исто така можете да кажете дека сте во 5тата недела од бременоста.

Да речеме дека Вашиот последен менструален циклус започнал во четврток. Бидејќи сте бремена 4+3 недели значи дека од Вашиот последен менструален циклус поминале 4 недели плус петок (+1), сабота (+2), недела (+3).

Триместар во бременоста

Откако оплодената јајце клетка успешно ќе се вгради во матката, Вашето бебе ќе се развива многу брзо. Овој развоен пат во текот на бременоста може да се подели во 3 важни етапи, кои траат приближно по 3 месеци – т.н. триместри. Третиот триместар вообичаено е малку подолг и го означува крајниот развоен скок на Вашето бебе пред неговото раѓање.

Користете го нашиот HiPP календар на бременост за да ја следите Вашата бременост од недела во недела. Нашите “HiPP писма за родители” кои ќе Ви ги испраќаме редовно, ќе Ви дадат многу информации и совети за исхрана во текот на бременоста.