Гестациски недели:
Трета недела од бременоста: Започнува нов живот
Пресметувањето во која гестациска недела од бременоста сте започнува од првиот ден на Вашата последна менструација. Иако во текот на првите 14 дена всушност и не сте бремени, и тие се влучени во пресметувањето бидејќи јајце клетката се оплодува во овој циклус. Овулацијата се случува помеѓу 14 - 17 ден од Вашиот циклус, што значи дека возбудливото патување на Вашето бебе започнува во третата недела од Вашата бременост.
Големина на Вашето бебе во 3-тата недела од бременоста
Ако Вашата јајце клетка е оплодена, околу неа ќе се формира цврста обвивка која ќе го спречи навлегувањето на другите сперматозоиди во неа.
Јајце клетката, која сега содржи генетски информации од Вас и од таткото, во текот на следните неколку дена започнува да се дели. Два дена откако сперматозоидот ќе се спои со јајце клетката, оплодената јајце клетката се состои од 4 клетки. Веќе еден ден покасно, се состои од 12-16 клетки. Поделената јајце клетка сега поради натрупаните клетки изгледа како дудинка, и лекарите во оваа фаза јајце клетката ја нарекуваат морула (од латинскиот morus = црница, дудинка). Оплодената јајце клетка е сеуште помала од милиметар и не може да се види со голо око. Дури ни конвенционалниот ултразвук не може да ја открие, што значи дека не можете со сигурност да знаете дека бременоста започнала.
Пет дена по оплодувањето, јајце клетката патува низ јацеводот и стигнува до вашата матка. Во оваа фаза сеуште е неверојатно мала и навидум безначајна, но и покрај тоа веќе содржи се што е потребно за да расте.
Развој на Вашето бебе
Ако успешно се спои сперматозоидот со јајце клетката, започнува бременоста и оплодената јајце клетка почнува да се движи кон матката. Јајце клетката започнува да се дели 24 часа по оплодувањето и оттогаш, се дели на секои 12 до 15 часа. Во оваа рана фаза започнуваат да се обликуваат клучните елементи и компоненти на човечкото тело.
Пет дена по спојувањето на сперматозоидот и јајце клетката, поделената јајце клетка стигнува до матката.
Матката обезбедува најдобра можна средина за раст и развој на Вашето бебе. Слузницата е порасната и е со дебелина 7 до 8 mm, што е идеално за имплантација и снабдување на оплодената јајце клетка со се што е потребно.
Седум дена откако јајце клетката е оплодена и започнала да се дели, оваа извонредна група на клетки се вградува во задебелената слузница на матката. Обвивката која се формирала околу јајце клетката го помага овој процес, и оваа обвивка сега ќе се распадне и ќе го формира хормонот прогестерон. Тоа ја зголемува цврстината на слузницата на матката и така помага да ја задржи јајце клетката на сигурно место.
Еднаш штом ќе се случи имплантацијата, можете да сметате дека сте дефинитивно трудни. Сега започнува неверојатниот период на раст и развој.
Како се чувствува идната мајка во 3-тата недела од бременоста
Во оваа фаза сеуште не ја знаете среќната вест, иако можеби веќе чувствувате - Вашата женска интуиција можеби веќе Ви кажува дека сте бремена. Снимката од ултразвукот сеуште неможе да го открие Вашето бебе, тестот за бременост ќе биде негативен и сеуште не чувствувате физички симптоми. Но, може да се чувствувате особено среќни и исполнети. Овие позитивни емоции се должат на хормонот прогестерон, кој е сега присутен во Вашата матка.
Вообичаени знаци и симптоми
Некои жени забележуваат мали дамки или течење на крв. Ова се нарекува имплементациско крварење и тоа е добар знак, бидејќи имплантацијата предизвикува мали ранички на слузницата на матката.
Можеби ќе почувствувате и слаба затегнувачка болка во стомакот, која се должи на имплантацијата. Во третата недела, некои од жените ќе почувствуваат и натекување дојките. Овие симптоми не се типични само за имплантацијата и понекогаш можат да се поистоветат со симптомите на овулацијата, а не како знак дека започнала бременоста.
Како да му помогнете на Вашето тело на почетокот на бременоста
Урамнотежената исхрана е клучна за да може јајце клетката да порасне како што треба. Осигурајте се дека внесувате многу витамини, и запомнете некои витамини се растворливи во масти, што значи дека мастите се потребни за нивна апсорпција и обработка во телото.
Мастите не ги добиваме само од месото: сирењето, млекото, путерот и другите млечни производи како и маслата исто така содржат масти. Мастите не мора да бидат само од животинско потекло. Растителните масни киселини се незаситени, што ги прави полесно сварливи за нашиот метаболизам (плус има многу креативни начини да ги користите при готвење!).
Јадете што е можно повеќе свежа храна и уживајте во се што ви нуди природата. Обидете се да избегнувате преработена храна и направете го сировото овошје и зеленчук значаен дел од вашата исхрана, бидејќи тие се добри извори на витамини кои ќе му помогнат на Вашето тело да се справи со бременоста. Овошјето и зеленчукот, исто така, содржат високи количини на растителни влакна, кои ќе станат се поважни со напредокот на Вашата бременост.
Особено се препорачува храна која е богата со железо и фолна киселина (витамин кој игра важна улога во формирањето на крвта и растот на клетките). Бремената жена има потреба од големи количества на фолна киселина, која исто така помага да се избегнат развојните нарушувања на нероденото бебе.
Меѓутоа фолната киселина е особено чувствителна, и во текот на бременоста тешко е да се внесе во доволни количини преку исхраната. Поради тоа, ви препорачуваме да започнете со земање на посебни додатоци во исхраната (обично во комбинација со јод) од моментот кога ќе одлучите дека сакате да зачнете бебе. Консултирајте се со вашиот доктор за кој е вистинскиот суплемент за Вас!
Железото го транспортира кислородот во нашата крв. Бидејќи бремената жена се храни и себеси и своето неродено бебе, потребни се големи количесини на железо и токму затоа треба да се спроведуваат редовни контроли на крвта.
Што треба дефинитивно да избегнувате
Доколку сте бремена, постојат неколку работи кои треба да ги избегнувате бидејќи можат да влијаат на здравиот развој на Вашето бебе и на Вашата благосостојба.
- Алкохол:
Доколку го конзумирате редовно, алкохолот го ослабува Вашето тело. Исто така се покажало дека го попречува и развојот на бебето. Секоја голтка алкохол ќе стигне до Вашето бебе, бидејќи преминува директно низ плацентата.
- Никотин:
Никотинот го зголемува срцевиот ритам прави стрес врз Вашето тело. Може брзо да доведе до зависност која не е компатибилна со здрава бременост. Влегува во крвотокот, па стигнува до слузницата на матката (која е богато снабдена со крв и затоа може да ги содржи сите видови отрови). Никотинот може да резултира со недоволен интраутерински проток на крв, што ќе го наруши развојот на Вашето дете.
- Стрес:
Ако сигурно знаете дека сте бремени, треба да избегнувате стрес колку што е можно повеќе. Дури и работата во деноноќна смена може да го наруши природниот ритам на Вашето тело, што може да има штетно влијание врз развојот на Вашето бебе.
Прашања кои сакате да ги поставите на Вашиот доктор
Внесување на доволна количина на витамини и минерали
Од самиот почеток на бременоста, постои ризик од развојни деформитети на Вашето бебе кои може да се предизвикани од недостаток на нутриенти. Еден од примерите е дефект на нервната туба, кој може да е предизвикан доколку мајката не внесува доволно фолна киселина, супстанција која е основна за создавање на нови клетки. Поради тоа, доколку се обидувате да забремените или веќе сте бремени, се препорачуваат суплементи кои содржат фолна киселина. Во почетокот на бременоста, ќе Ви бидат потребни 400 микрограми дневно, што е повеќе од 300 микрограми кои и се потребни на жена која не е бремена. Од 12-тата недела, потребниот дневен внес на фолна киселина ќе се искачи на 800 микрограми дневно.
Многу суплементи кои содржат фолна киселина исто така содржат и јод. Ако имате пореметување на тироидната жлезда или хормонски дисбаланс на тироидната жлезда, јодот не се препорачува и би требало да користите суплементи кои не содржат јод.
Најдобро е да се консултирате со Вашиот доктор во врска со вакви специфични ситуации.