Гестациски недели:
31-ва гестациска недела: Сега е време да започнете да го планирате раѓањето на Вашето бебе
Започна 31-вата недела од бременоста, а напнатоста и возбудата постојано растат - наскоро ќе дојде времето за раѓањето на Вашето дете. За десетина недели, конечно ќе можете да го држите во раце за прв пат. Сигурно веќе имате блиска врска со своето дете исто како и Вашиот партнер, бидејќи наскоро доаѓа нов член во Вашето семејство.
Големина на Вашето бебе во 31-ва недела
До 31-вата недела од бременоста и речиси на крајот од осми месец, Вашето бебе веќе има достигнато должина од 41,5 – 41,8 сантиметри. Најдобро е да замислите црвена зелка – ова е отприлика големината на Вашето бебе. Сеуште ја нема достигнато должината која ќе ја има кога ќе се роди. Со тежина од 1575 грама, детето полека се доближува до два килограми. Вашето бебе и понатаму ќе продолжи за се дебелее се до раѓањето. Во зависност од својата предиспозиција (генетика), новороденчето речиси ќе ја удвои својата тежина до раѓањето.
Развој на Вашето бебе
Развој на белите дробови
Како должината и тежината на Вашето бебе и понатаму растат, детските внатрешни органи го завршуваат својот развој и почнуваат да ја работат својата работа. Од 31-вата недела од бременоста, нероденото дете целосно може да ги прошири своите бели дробови, без алвеолите да се залепат една до друга благодарение на заштитниот протеински сурфактант. Интересен факт: Созревањето на белите дробови многу брзо напредувало. Ако детето се роди во 31-вата недела од бременоста, можно е да не му е потребна целосна механичка вентилација, и само престој во инкубатор ќе биде доволен.
Положба на бебето
Вашето бебе ќе се движи многу помалку во 31-вата недела, делумно затоа што нема доволно простор во матката и делумно затоа веќе има воспоставен ритам на спиење и будење. Вашето дете ќе спие во стомакот и до 15 саати дневно. Во саатите кога Вашето бебе е будно, Вие јасно ќе ја почувствувате активноста. Понекогаш ударите на рацете и нозете во Вашите органи може да бидат особено силни и да предизвикаат одредена непријатност.
Тоа сè уште не е во конечната положба во која ќе треба да биде при раѓањето. Но постепено детето се преместува до зидот на матката и почнува да ја поставува главата во правецот во кој ќе поминува низ породилниот канал.
Пред раѓањето детето би требало да биде во исправена положба – главата на Вашето детето треба да биде свртена кон излезот од матката. Од сега гинекологот секогаш ќе ја проверува положбата на детето. Исправената положба на детето се нарекува цефалична или предна тилна положба. Деведесет проценти од бебињата самостојно ја заземаат оваа положба отприлика четири недели пред раѓањето.
Како е да се биде идна мајка во 31-ва недела
Можеби понекогаш ќе се чувствувате малку преплавени со чувства кога размислувате за се што ве очекува во неделите кои доаѓаат. Една од работите за кои постојано ќе размислувате е местото каде ќе се пораѓате: ќе сакате одговори на прашањата за тоа колку е сигурно за Вас и Вашето бебе кога ќе дојде на свет. Ако тоа сеуште не сте го направиле Ви препорачуваме да се информирате за родилиштата и условите кои ги нудат.
Вообичаени знаци и симптоми
Вашите мисли се вртат околу Вашето бебе
Во 31-вата недела, се повеќе ќе размислувате за работите што ќе треба да ги купите за Вашето бебе - а тоа може да вклучува и слатки мали бодиња, џемпери, јакни и чевли. Вашите пријатели и семејството сигурно ќе имаат некои работи што можат да Ви ги дадат, па затоа е добра идеја да направите список со работи кои веќе ги имате и кои ви недостасуваат. Што и колку ќе ви треба за Вашето бебе, многи зависи од месецот во кој ќе се роди детето. Дали е бебето зимско или летно?
Исто така би требало да купите и работи за себе кои ќе ви требаат по породувањето. Наскоро ќе дојде време за да ја спремите торбата за во болница во која ќе треба да ги спремите работите и облеката за себе и Вашето бебе.
Вашето тело штрајкува
Понекогаш ќе се чувствувате како Вашето тело да штрајкува. Понекогаш тешко ќе дишете од тежината на стомакот, нозете ќе ви станат тешки и ќе ве болат, а грбот ќе ви биде напнат. Навечер често лошо ќе спиете и ќе се вртите низ кревет, барајќи положба која ќе ви овозможи да спиете. Зголемениот нагон за мокрење исто така ќе ви го прекинува ноќниот сон. Голема е веројатноста да ви се појават киселини особено по јадењето. Поради тоа во текот на денот би требало да јадете повеќе мали оброци. Цревата исто така ви се повеќе оптеретени поради притисокот од матката кој им го нарушува вообичаениот ритам. Исто така се потешко се потешко ќе ви биде да седнувате и да станувате. Поради ова, инстинктивно ќе го држите стомакот и грбот, кое ќе ви послужи како потпора. Наскоро врзувањето на врвците од чевлите ќе мора да му го препуштите на партнерот или пак да користите чевли кои не мора да се врзуваат.
Инконтиненција
Поради притисокот на дното на карлицата, функцијата на задржување на мускулите на мочниот меур е намалена. Главата на Вашето бебе исто така го притиска мочниот меур. Поради ова особено кога мочниот меур е прилично полн, може да ви се случи неколку капки од мокрачата да ви „избегаат„ кога се смеете, кашлате или кивате. То е вообичаено во крајните фази од бременоста, а по породувањето че се врати во нормала.
Испакнат папок
Во 31-вата недела од бременоста растот на матката и оптегнатоста на кожата на абдоменот најпрво го израмнуваат папокот. А во следните месеци, папокот може да се испакне нанадвор. Ова јасно се гледа на полесната облека, на пример во лето.
Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар
Замрзнување на матични клетки и крв од папочна врвца
Како идни родители, можеби ќе имате можност да се одлучите за земање на матични клетки од постелката и нивно чување во банка за матични клетки. Во случај на болест, овие клетки може да се користат за Вашето дете како матични клетки.
Истото важи и за крвта во папочната врвца, која исто така содржи матични клетки од Вашето бебе кои можат да се замрзнат и да се користат за помош во случај на болест.
Побарајте совет од Вашиот гинеколог и информирајте се за банките за чување на матични клетки од плацента (постелка) ако сте заинтересирани за оваа опција.