Гестациски недели:
37-ма гестациска недела: Вашето бебе сега може да се роди како терминско бебе
Во 37-мата недела од бременоста, вие сте во „десеттиот месец„ од бременоста. Луѓето често мислат дека бременоста трае 9 месеци, но всушност времето до раѓањето е малку подолго од 9 месеци. Во реалност бременоста вообичаено трае околу 9,5 месеци, бидејќи се брои од првиот ден од последната менструација. Не само Вие, идната мајка, туку и Вашето дете сега интензивно се подготвува за денот кога ќе дојде на свет, ќе ви лежи во раце и за прв пат ќе ги помириса своите родители.
Големина на Вашето бебе во 37-та недела
Вашето бебе доби уште еден сантиметар во должина од минатата недела, па сега е долго 48 см и е големо колку лист од блитва. Тоа тежи 2900 грама, скоро 3 килограми, што е многу блиску до родилната тежина.
Развој на Вашето бебе
Од 37-мата недела, Вашето бебе е подготвено за раѓање и живот надвор од Вашата матка. Тоа ќе го искористи преостанатото време до раѓањето за да создаде уште залихи на масти. Детето сега добива околу 20-30 грама телесна маса на ден. Околу 15 посто од телесната тежина сега се маснотии, што му овозможува на бебето да ја одржува и регулира телесната температура откако ќе се роди за да не му е премногу студено и да се развива здраво. Масните клетки се создадени така што тие можат да ги претворат мастите во топлина во секоја поединечна клетка, што значи дека Вашето новороденче може да ја одржува телесната температура повеќе или помалку константна.
Сега, непосредно пред раѓањето, Вашето бебе ги губи поголемиот дел од лануго влакненцата и восочниот vernix caseosa што ја обложува кожата. Малку од двете ќе остане и ќе биде видливо на нивната кожа кога ќе се родат. Бебињата кои се раѓаат после терминот вообичаено немаат vernix caseosa, а мазноста на нивната кожа укажува на нивната возраст и развој.
Черепот и мозокот на Вашето бебе продолжуваат да растат до раѓањето, додека неговите други органи се веќе целосно формирани и ја вршат својата работа. Бебето продолжува да ги зима клетките кожа и лануго влакненцата од плодовата вода во матката, од кои во цревата на децата се развива мекониум, кој по раѓањето се исфрла како црна, леплива столица.
Во 37-та недела, главата на Вашето бебе најчесто веќе се наместила во карлицата, поради карличните контракции, што е најдобар предуслов за породување. Бебето лежи таму во неудобна положба во која може само малку да се движи и го чека породувањето. Повеќето бебиња го преспиваат овој дел и собираат сила за излегување од матката.
Како се чувствува идната мајка во 37-мата недела од бременоста
Сигурно сега се чувствувате вознемирено и возбудено за раѓањето кое што следува. Посебно ако ова е Ваше прво бебе, сеуште нема да можете правилно да ги процените симптомите на Вашето тело и не знаете кои се знаците дека почнува раѓањето.
Се приближувате кон крајот на календарот за бременост и имате малку време за завршните подготовки за доаѓањето на бебето. Досега треба да знаете со сигурност каде сакате да го родите Вашето бебе и кој ќе Ве следи во текот на породувањето. Вашата торба треба да биде спакувана, а Вие и Вашиот партнер треба да знаете каде е кога ќе Ви треба набрзина.
Вообичаени знаци и симптоми
Се зголемува притисокот на внатрешните органи
Контракциите кои го поместуваат бебето подлабоко во карлицата и го доведуваат до исправена положба за породување веќе се случиле или ќе се случат оваа недела. Ова го зголемува притисокот на карлицата, што ќе го почувствувате како притисок во долниот дел од карлицата. Притисокот на белите дробови, наеднаш попушта. За да го спречите грчењето на мускулите во дното на карлицата, би требало да правите лесни кружни движења. Ова ќе ве опушти и ќе го намали притисокот. Истовремено, овие движења му помагаат на детето полесно да се намести во положба за раѓање. .
Забележување на првите знаци на породувањето
Процесот на породување сега може да започне во секое време. Честите рани знаци што може да ги искусите се гасови со дијареа, повраќање, главоболки, сериозни болки во грбот и болки во стомакот. Главниот знак дека породувањето почнало е кога ќе забележите исцедок што содржи крв. Ова покажува дека слузниот чеп пред грлото на матката конечно се олабавува. Со почетокот на породувањето ќе пукне водењакот, што ќе го забележите како млаз или истекување на плодовата вода од вагината. Најкасно сега треба да тргнете во болница, бидејќи пукањето на водењакот го поттикнува породувањето. Ако ви пукнал водењакот Ве молиме веднаш одете во болница без разлика што сеуште немате контракции.
Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар
Како да реагирате кога ќе се појават знаците за почеток на раѓањето
Вие сте исклучително добро опремени со сето ова теоретско знаење за телесните симптоми што укажуваат на тоа дека ќе се породите. Сепак, сосема нормално е да се чувствувате несигурни. Затоа, разговарајте за сите евентуални појави со Вашиот лекар, кој може да Ви каже со кои симптоми треба да се јавите во болница.