Skip to main content

Гестациски недели:

4-та гестациска недела: Нешто малечко живее во Вашиот стомак

Откако јајце клетката е упешно оплодена, започнува втората гестациска недела од Вашата бременост. Јајце клетката се поделила повеќе пати и сите важни градивни елементи за човечкиот раст се втемелени.

Времето од оплодувањето до крајот на четвртата недела е првиот месец од Вашата бременост и на крајот на месецот би очекувале да добиете менструација. Ако тоа не се случи, тоа е првиот знак дека сте бремена. Ова значи дека сте веќе еден месец бремена пред воопшто и да дознаете дека сте со сигурност бремена.

Големина на Вашето бебе во 4-тата недела од бременоста

Во 4-тата недела од бременоста, откако оплодената јајце клетка е имплантирана, за жал сеуште не е возможно да ја видите Вашата две недели стара кикиритка со голо око. Ќе се развие од герминативните клетки, но, во моментов, Вашето бебе изгледа како мала црна точка кога се гледа со микроскоп.

Развој на Вашето бебе

Што се случува во четвртата недела?

Откако герминативните клетки ќе се имплантираат, Вашето тело ќе започне да го ослободува хормонот hCG (хуман хорионски гонадотропин), кој го произведуваат дел клетките кои ја градат плацентата. Овие клетки ја прават и основата за развој на амнионската празнина, жолтото тело и се разбира Вашето бебе. Жолтото тело игра важна улога во насочување на хранливите состојки во амнионската празнина се додека плацентата не започне да ја врши својата работа и да го храни Вашето бебе преку папочната врвца.

Ослободувањето на  hCG, е првата голема промена која Вашето тело ја прави во почетокот на бременоста. Хормонот е основа на сите тестови за бременост, иако во четвртата недела го нема во доволни количини за да се одлучи дали сте бремена или не.

Меѓутоа до 5-тата недела, можете да очекувате позитивен од тестот со урина:

  • Ран тест за бременост може да се 4 – 6 дена пред очекуваната менструација.
  • Тестот за бременост може да се направи 3 - 5 дена по очекуваниот ден за менструација.

Од 5-тата недела, може да се види на амнионската празнина на ултразвук.

Во оваа рана фаза, човечкото суштество чиј што живот туку што започнува е особено слабо и ранливо. Токму поради тоа, многу жени чекаат до 12-тата недела за да соопштат дека се бремени.

Како се чувствува идната мајка во 4-тата недела од бременоста

Дури и пред позитивниот резултат од тестот да Ви каже со сигурност дека сте бремени, ова може да го осетите низ различни и по малку збунувачки чувства и емоции. Во 4-та недела од бременоста, сте обземени од многу емоции и можеби ќе имате чувство дека постојано ви се плаче. Ова е уште еден знак дека сте бремени (иако не е сигурен).

Ова чувство се должи на хормоните кои ги произведува Вашето тело за да ја заштитат Вашата бременост.

Со нетрпение ќе го чекате моментот за да дознаете дали сте бремени, без разлика дали со изостанување на менструацијата, правејки тест или со преглед со ултразвук.

Вообичаени знаци и симптоми

Градите ги чувствувате натечени и болни

Вашите гради ќе почнете да ги чувствувате натечени и болни. Тие почнуваат да стануваат се поголеми бидејќи Вашите млечни жлезди натекуваат, за да  можат да го хранат Вашето дете штом ќе се роди. Болните гради се еден од знаците што укажуваат на тоа дека сте бремени доколку ниеден сигурен тест  не е возможно да се направи.

Зголемен исцедок

Исто така може да почувствувате и мало истегнување во стомакот или пак болка во различни делови на грбот без особена причина. Друг можен симптом е зголемен и густ исцедок, кој се јавува како резултат на создавање на мукозниот чеп (кој го затвора грлото на матката за време на бременоста и се ослободува непосредно пред раѓањето). Чепот создава еден вид заштитна бариера за Вашето неродено бебе, запирајки ги патогените и штетните бактерии да стигнат до матката.

Чувство на замор, слабост или безволност

Ако понекогаш се чувствувате уморни, слаби или безволни, тоа е резултат на хормоните поради кои  Вашиот метаболизам работи побавно од вообичаено. Ова е привремен симптом и ќе се намали во следните два месеци од бременоста.

Гадење

Промените во нивоата на хормони во Вашето тело може да резултираат со еден многу чест симптом  кај бремените жени: гадење. Ова обично се случува наутро откако ќе станете, бидејќи Вашето тело во текот на ноќта ослободува големи количини на hCG (хормонот за бременост). Затоа, тестовите за бременост треба да се прават наутро, со првата утринска урина, бидејќи токму во тој момент хормонот е во најголема концентрација, доволно за тестот да Ви даде значаен резултат.

Совет: По повраќање, исплакнете ја устата и измијте ги забите за да ги одржувате чисти и здрави.

Важни совети

  • Ако менструацијата не Ви дојде и тестот за бременост е позитивен, закажете преглед кај Вашиот гинеколог.
  • Ако почувствувате зголемен исцедок, носете влошки за да ја заштитите Вашата долна облека.
  • Посетете лекар ако не сте сигурни за симптомите кои ги чувствувате.
  • Одбегнувајте кревање и носење тешки предмети.
  • Отсега одбегнувајте да јадете сирова риба, сирово месо, сирови јајца и сирови млечни производи за да спречите појава на можни инфекции.

Прашања кои сакате да ги поставите на Вашиот лекар

Државна помош за мајките

Прашајте го Вашиот гинеколог кога можете да почнете да ги искористувате предностите на законската заштита за бремени жени. Сè додека Вашата бременост е регистрирана, Вие сте во добра позиција ако најлошото дојде до најлошото

Дали Вашата работа претставува ризик за Вашата бременост?

Во зависност од тоа во која недела од бременоста сте, имате право на различни заштитни мерки.  Повеќе, не смеете да работите со штетни материи (на пр. одредени хемикалии), а исто така не смеете да бидете изложени на зрачење или да правите какви било активности кои се со поголем ризик за бремените жени. Активности кај кои постои зголемен ризик од зарази (на пр. во болница или градинка) или не се дозволени или се дозволени само со одредени ограничувања.

Ако Вашето работно место е опасно на кој било начин за Вас или за Вашето неродено дете, треба што поскоро да го известите Вашиот работодавец за Вашата бременост. 

Потоа Вашиот работодавец би требало да Ви обезбеди работно место кое не претставува никаков ризик за Вас.  

Семејни заболувања

Известете го Вашиот лекар доколку имате генетско или хронично заболување. Тој ќе ве упати да направите дополнителни прегледи и ќе направи се што е потребно за да му обезбеди на Вашето бебе да расте правилно и здраво.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.