Бебешки нежна масажа

Редовни масажи и интензивна нега се добри за вашата кожа

Во текот на бременоста, масажите или интензивната нега на кожата има позитивни ефекти во задржување на еластичноста на кожата. За да се помогне на кожата на вашиот стомак, градите и бутовите да ја преживеат бременоста без некакви видливи последици, ние препорачуваме редовна масажа и третман на тие области од самиот почеток на бременоста. Има докази дека редовната масажа ја подобрува крвната циркулација во кожата и метаболизмот на кожата, и исто така помага во одржување на еластичноста на кожата.

Масажа на стомакот

Ставете од HiPP Mamasanft маслото за масажа на голем дел од кожата. Ако вашиот стомак не е толку голем, ви препорачуваме да пробате лесна масажа на кожата со нежно штипкање меѓу прстите, која ќе го релаксира сврзното ткиво.

Внимателно со прстите фатете мала површина од кожата помеѓу вашиот палец и показалецот и подигнете ја внимателно.  Може да ја триете помеѓу прстите, да ја притиснете внимателно накратко, задржете и отпуштете внимателно. Продолжете со циркуларни движења за да ги опфатите сите делови од стомакот.

Напомена:

Доколку постои било каков ризик од предвремено породување, треба да се консултирате со вашиот лекар или патронажна сестра пред да примените интензивна масажа, бидејќи масажата може да стимулира предвремени контракции.

Кога вашиот стомак ќе започне да станува поцврст, или кога веќе нема да уживате во масажата со стискање, тогаш можете едноставно да го размачкате маслото на вашата кожа и нежно да го втриете. Лизгајте со прстите нанадвор и навнатре со кружни движења, или од страна или од долу па нагоре.

Најдобар начин да ги превенирате стриите е да го масирате делот каде што се појавуваат како на пример стомакот, колковите и задникот два или три пати дневно, почнувајќи најдоцна од третиот месец на бременоста.

Дополнително, може да го масирате стомакот со сува крпа или нежен сунѓер за тело.

Масажа на градите

Во текот на бременоста, кожата на вашите гради исто така се растегнува значително. За ефективна нега, секојдневно ставете малку HiPP Mamasanft Massage Oil и размачкајте го со кружни движења од надворешната страна па се до средината на градата. Брадавицата оставете ја чиста.

Масажа на колковите

Не треба да ги запоставите ни колковите, задникот или бутовите во вашата секојдневна рутинска масажа. Туширање со ладна вода ја стимулира циркулацијата во кожата. И после породувањето, масажата го забрзува обновувањето на ткивото.

Совет: Перинеална масажа

За да се подготвите за породувањето, акушерките препорачуваат перинеална масажа. Оваа масажа ја подобрува циркулацијата на крвта и снабдувањето на ткивото а HiPP Mamasanft Massage Oil е идеално за оваа намена. Ако имате дополнителни прашања околу бременоста и доењето, ве молиме да се консултирате со вашиот лекар или патронажна сестра.