Нега на кожата во текот на бременоста
Кога сте бремени, вашата кожа се менува
Кожата на лицето ќе ви биде поубава и посвежа поради подобрената циркулација, додека кожата на градите, стомакот и бутовите ќе мора да се негува со посебно внимание. Сврзното ткиво кај жените природно е многу растегливо. Освен тоа, во текот на бременоста специјалните хормони прават кожата на жената да биде уште повеќе растеглива. Ова е единствениот начин кожата да се адаптира на бебето кое расте и потребата од дополнителен “простор” за него.
Исто така, преголемото растегнување на ткивото во текот на бременоста, посебно во делот на стомакот, градите и бутовите, резултира со појава на непријатните стрии. Поради дополнителниот притисок на ѕидот на абдоменот, кожата станува посува и при крајот на бременоста, може да имате чувство дека е многу затегната и ве чеша. Интензивната нега ќе овозможи да се задржи еластичноста.
Нега на кожата
Заштита и богата хидратантна нега е точно она што ѝ е потребно на вашата кожа. HiPP производите за нега на кожа се перфектен избор. Тие не содржат штетни супстанции и се исклучително нежни.
HiPP Mamasanft содржи органско бадемово масло од сертифицирани органски бадеми. Поради неговиот состав, спаѓа во групата на скапоцени масла за нега. Богато е со незаситени масни киселини кои се многу пријатни за кожата и истовремено ја заштитуваат и негуваат.
Органското бадемово масло, всушност, многу добро се толерира од чувствителната и сува кожа и поради тоа е докажано одлично и за нега на кожата на бебињата. Она што е добро за вашите најмали исто така ќе ја заштити и потхрани вашата кожа.