Јод за тироидната жлезда
Зошто е јодот толку важен?
Јодот има специјално значење за целокупниот метаболизам на телото, посебно за хормоните на тироидната жлезда, кои го регулираат балансот на енергија во телото и според тоа физичкиот и менталниот развој. Овие хормони го користат јодот како гориво. Недостатокот на јод ќе предизвика зголемување на тироидната жлезда – дури и видливо – добро позната состојба која се нарекува струма.
Според Светската Здравствена Организација (WHO), Македонија се рангира во регионите во светот каде недостатокот на јод е проблем дури и денес. Ова е сеуште непознаница, исто како и фактот дека јодот е толку важен за метаболизмот.
Поради тоа што формирањето на хормоните на тироидната жлезда почнува во 12-та недела на бременоста, многу е важно идните мајки да добиваат доволно јод во текот на овој период. Тие треба да ги покријат не само нивните потреби, туку треба да знаат дека потребите за јод се многу зголемени во тек на нивната бременост.
Добри извори на јод
Генерално, сè што доаѓа од морето е богато со јод. Една порција од 200 гр. бакалар и 100 гр. бела морска риба, ќе ги задоволи дневните потреби од 230 µg. Понатаму, добар извор на јод е јодираната кујнска сол. Во тек на бременоста и доењето, адекватен внес на јод е строго препорачливо за за да се осигура здравјето на мајката и на бебето. Идеално ниво на јод е единствено возможно со земање на диететски додатоци.
Симптоми на недостаток на јод
Недостатокот на јод во текот на бременоста може да доведе до негативен физички и ментален развој на бебето. Но, не е само тоа: недостаток на јод може да доведе до проблеми со слухот и говорот во понатамошниот живот.