Цинк – моторот на ензимите
Зошто е цинкот толку важен?
Во поглед на количината, цинкот е минорен минерал со количина од само 2 гр во целото тело. Како и да е, овие 2 гр се есенцијални за нормалниот метаболизам бидејќи цинкот е одговорен за различни функции во телото.
Неговата главна функција е активација на ензимите. За повеќе од 70% од сите ензими, цинкот е потребен како „мотор“; тие се активираат само со помош на цинкот. Ензимите се како мали катализатори: да ја забрзуваат која и да било реакција во телото.
Позитивните ефекти на цинкот на имуниот систем, може да се видат од фактот што цинкот го потпомага заздравувањето на раните. Понатака, тој е стабилизатор на клеточниот зид, вклучен е во складирањето на инсулинот и за витализација на кожата и косата.
Добри извори на цинк
На телото на бремената жена и се потребни 10 мг на цинк дневно (оние што дојат и до 12 мг). Цинкот го има во говедското месо и црниот дроб, но исто така и во грашокот, овесот и пченицата.
Симптоми на недостаток
Ако телото не добива доволно цинк, раните ќе заздравуваат многу забавено и новороденчето можеби нема да напредува соодветно. Прв знак на недостаток на цинк се проблеми со вкусот и мирисот кај бремените жени, кои можат да исчезнат по некое време. Како и да е, побарајте совет од вашиот доктор ако имате било какво сомневање!