Ултимативниот витамин за мајките - фолна киселина
Зошто е фолната киселина толку важна?
Фолната киселина е ултимативниот “витамин за мајките”, бидејќи бремените жени имаат значително зголемени потреби за фолна киселина. Додека потребите на фолна киселина пред бременоста се околу 400 µg, истите во текот на бременоста се зголемуваат до 600 µg. Тоа е зголемување од речиси 50%!
Генерално, земањето на фолна киселина преку храната не е доволно. Фолната киселина припаѓа на групата Б витамини. Има многу функции: од една страна, потребна е за клеточна делба и за формирање на нови клетки, а од друга страна го поддржува формирањето на крвта и развојот на мозокот.
Добри извори на фолна киселина
Зелена салата, зеленчук (на пр. брокули), домати, компири, јајца, месо и производи од цело зрно се богати со фолна киселина. Како и да е, фолната киселина е многу осетлива. Топлина, светлина и кислород, можат да ја уништат речиси целосно и да ја направат неефикасна. Во текот на бременоста, речиси е невозможно преку исхрана да се внесе доволна количина на фолна киселина. Бремена жена би требало да изеде околу 20 кг брокули на ден за да ги покрие зголемените потреби од фолна киселина.
Поради ова, храната која е збогатена со фолна киселина и специјалните диететски суплементи, се од примарна важност за мајката и детето во текот на овој сензитивен период од животот. Дополнително, фолната киселина многу брзо се искористува од телото, посебно ако се работи за близначка бременост, или во случај на бременoсти кои се временски блиски една до друга. Вашите резерви од фолна киселина треба да се полни уште пред да останете бремени!
За жените кои планираат бременост, доволниот внес на фолна киселина е многу важен, дури и пред да знаете дека сте бремени.
Симптоми на недостаток
Недостатокот на фолна киселина може да предизвика замор и исцрпеност. Во екстремни случаеви, може да се појават развојни аномалии кај детето, како на пример спина бифида, дефект предизвикан поради нецелосното затворање на невралната туба. Понатамошни последици: расцеп на устата и непцето. Поради ова, внесот на фолна киселина е многу значаен во тек на ембрионалната фаза (првиот триместер од бременоста).