Сеопфатен магнезиум
Зошто е магнезиумот толку важен?
Магнезиумот е вистински „сеопфатен”. Овој минерал има важна улога во речиси сите функции во човечкото тело. Регулира повеќе од 3000 ензими и е вклучен во контракцијата на мускулите. Заради тоа не треба да нè изненадува фактот што една третина од резервите на магнезиум се наоѓа во мускулите. Магнезиумот ги поддржува мускулите со тоа што ги контрахира и релаксира мускулните влакна.
Генерално, потребите од магнезиум не се значително повисоки во тек на бременоста отколку претходно. Како и да е, поради многуте функции што ги има во телото, би требало да осигурите константен внес на магнезиум.
Добри извори на магнезиум
Всушност, само неколку намирници имаат значителни количини на магнезиум. Пченични никулци или семки од сончоглед се добри извори, но тие играат незначителна улога во дневната исхрана. Генерално, треба да земате повеќе полно зрнести продукти наместо бело брашно. Гравот исто така може да учествува во снабдувањето на организмот со магнезиум. Некои минерални води се добар извор на магнезиум. Треба само добро да се погледне етикетата. Содржина од 100 мг на литар магнезиум би било идеално.
Симптоми на недостаток
Недостатокот на магнезиум има болни последици, особено во текот на ноќта во вид на грчеви. Ова може да се превенира со земање на магнезиум. Рани знаци на предупредување: кога чувствувате трпнење и бодежи во рацете и нозете, тоа може да биде поради недостаток на магнезиум.
Симптоми на поголем недостаток на магнезиум може да бидат нервоза, заборавеност и зашеметеност. Во екстремни случаеви може да се јават и предвремени контракции (околу 30-та недела), бидејќи мускулите на матката се затегнуваат. Затоа треба да осигурите доволен внес на магнезиум во вашата исхрана. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар во случај на било какви проблеми!