Витамин Б12
Зошто е витаминот Б12 толку важен?
Витаминот Б12 учествува во формирањето на еритроцитите (црвените крвни зрнца). Понатаму, исто како фолната киселина, витаминот Б12 е вклучен во формирање на клетките и ги регулира процесите на растење во телото. Значењето на витаминот Б12 е евидентен во тек на бременоста генерално, кога малото тело треба да стане човек и да порасне.
Добри извори на витамин Б12
Витаминот Б12 се наоѓа само во намирници од животинско потекло како на пример црн дроб, месо, јајца, млеко и сирење. Вегетаријанците или веганите кои избегнуваат продукти од животинско потекло, имаат недостаток од витамин Б12. Вегетаријанците кои конзумираат млечни производи и јајца во доволни количини, нема да имаат недостаток од витамин Б12.
Споредено со другите нутриенти, витаминот Б12 е прилично отпорен на надворешни влијанија и на телото му се потребни мали количини – но тие се многу важни.
Симптоми на недостаток
Во лабораториски услови, симптомите на недостаток се препознаваат по присуството на малку но многу големи еритроцити. Понатаму, има проблеми со создавање на нови клетки и невролошки симптоми. Првите знаци се всушност генералните симптоми како слабост, бледило, палпитации на срцето, недостаток на здив и замор.