Зголемени потреби
Исхрана за двајца?
Бременоста сама по себе носи големи промени во животот. Од првиот ден, вашето тело е извор на живот за вашето бебе. Поради тоа, потребите на бремената жена од хранливи состојки се големи, некогаш дури и двојно поголеми.
Да се храниш квалитетно е многу поважно од тоа да јадеш количински повеќе. Потребата за калории не е многу поголема отколку како пред бременоста, но тоа што му треба на вашето тело се микронутриенти – витамини, минерали и елементи во трагови.