Забава со вода во градината
Ракунот Роби и Пајката Пале сакаат да се прскаат со вода.
Еве ги нивните омилени игри за забава со вода во градината.
Водна лизгалка
Поставете долго парче пластика како лизгалка и целата полејте ја со вода. Потоа децата може да се лизгаат на мократа пластика. Кој може да се излизга подалеку од Пајката Пале? Ве молиме внимавајте да нема опасни предмети под пластиката или пак на крајот!
Риболов со нозе
Поставете предмети кои се лесни за факање (на пр. лажичка или играчка количка) во детско базенче. Малите дечиња сега треба да ги уловат предметите од водата користејки ги само своите стапала. Кој може да улови најмногу предмети од водата?
Воден марш!
Сите ја знаат трката со јајце во лажица. Но дали некогаш сте пробале со вода? Наполнете до врвот пластична чаша со вода и почнете да трчате! На крајот од трката во чија чаша остана најмногу вода? Среќно!