Skip to main content

Суви градини

Сувите градини се идеално живеалиште за загрозените инсекти како: дивите пчели, бумбарите, пеперутките и бубачките. Рептилите, сепак, ги сакаат и сувите градини.


Бумбарите опрашуваат многу растенија и затоа се многу важни за природата. Тие бараат засолниште во: јами, дупки за глувци, кутии за гнездење, градини или ливади. Тие припаѓаат на пчелното семејство, но имаат многу поголеми тела и се многу повлакнести. Постојат 400 до 500 различни видови во светот. И покрај тоа што има толку многу различни видови, бумбарот со опашка, бумбарот со црвена опашка и обичната пчела – кардер, се најпознатите во Германија.


Со оглед на тоа што крилјата на бумбарите се всушност, премногу мали за нивните тела, тие можат да летаат само поради тоа што ги носи ветрот.



Песочните гуштери можат да растат и до 25 сантиметри во должина.


За да се чувствуваат како дома, на песочните гуштери им се потребни многу скривалишта, на пример: под урнатини, грмушки и купишта од песок или дрва. Исто така, за нив е важно наоколу да имаат неколу грмушки, билки или слично бидејќи сакаат отворени простори. Тие, исто така, совладале одличен трик: секогаш кога се во опасност, гуштерите можат да ги испуштаат опашките за да го одвлечат вниманито.


 

Бавниот црв, всушност, изгледа како змија, но навистина е гуштер без нозе. Тој претпочита да биде во: градини, шуми, купишта дрва или купови компост. Неговата омилена храна се: инсекти, пајаци, дождовни црви и полжави.


Научното име на бавниот црв е Angius fragilis, „кревка змија“, што веројатно произлегува од неговата способност да исфрли дел од опашката кога е во опасност.