Јадење – неколку практични совети
- Одвојте доста време за да јадете заедно, седнете на маса со вашето дете без да е пуштен телевизорот или други уреди што би му го одвлекле вниманието. Вашето дете има свое место во безбедно столче за хранење каде може да се концентрира на јадењето
- Обезбедете оброци во прилично редовни термини во оваа фаза
- Создадете опуштена атмосфера во која сите имаат доволно време да ги завршат оброците и може да остават нешто на чинијата доколку не се многу гладни. Сепак, не ги пролонгирајте оброците. После 30 минути, треба да е завршено со оброкот. Тогаш е повторно време за игра!
- Апетитот на децата се разликува од ден во ден, и затоа не го терајте се да изеде.
- Доколку можете избегнувајте ги ужинките помеѓу оброците бидејќи го намалуваат апетитот за правиот оброк.
- Кога сте надвор со количка, на вашето дете му треба занимација, но тоа не мора да биде нешто за јадење. Подобро е да му дадете некоја играчка за да си игра отколку да му дадете нешто да јаде или пие цело време
- Поставете правила за јадење на маса од самиот почеток
- Дозволете му на вашето дете да гледа додека готвите, а кога ќе потпорасне дозволете му да ви помогне. На овој начин, децата можат да развијат чувство на уживање во храната и да научат дека јадењето е забавно
- Поттикнете го развојот на вашето дете. Не му давајте повеќе да пие од шише; вашето дете сега треба да научи да ги пие од чаша сите напитоци.