Моето дете е многу пребирливо
Моето дете е многу пребирливо и одбива толку многу јадења – што можам да направам?
Често се случува малите деца наеднаш да станат “пребирливи јадачи“. Наеднаш одбиваат нови храни, но и храни кои претходно уживале да ги јадат. Ова делумно може да е поврзано со откривање на својата волја и желбата да имаат власт над сопствената исхрана. Одбивањето на новите работи може да се поврзе со стравот кој е типичен за малите деца, познат како “неофобија“.
Сомнежот е дека причината за ова има биолошка позадина, бидејќи секоја нова намирница носи ризик да е отровна. Детската претпазливост е нивна заштита, на возраст кога учат да одат и можат да бегаат од своите родители. За родителите е важно да знаат дека фазата “не го сакам ова“ вообичаено е привремена, и повторното искуство со намирницата може да го промени ова. Поради ова одбивањето на различните храни е нормално кај малите деца и најдобро е да не критикувате. Децата често имаат потреба од неколку обиди пред да засакаат одредена храна.
Совети:
Понудете му на вашето дете широк спектар на храни во опуштена атмосфера – исто и од оние кои веќе ги одбиле. Лошото расположение го уништува апетитот – колку повеќе родителите негодуваат за пребирливоста, толку децата помалку сакаат да јадат. Здрав избор на храна на масата му дава на детето можност доброволно да проба различни работи и да се научи да ги засака. Бидете добар пример и јадете разноврсни и здрави оброци.
Понекогаш може да помогне да ја измешате храната која ја одбива со храна која е омилена со цел детето да се навикне постепено на вкусот (пример, измешајте нов зеленчук со омилениот зеленчук како што е морковот). Дури и ако се потребни неколку месеци и вашето трпение се намалува – порано или подоцна вашето дете ќе јаде многу различни храни, затоа опуштете се и “продолжете да се обидувате“...