Пиење

Колку мало дете треба да пие?

На малите деца треба да им понудите отприлика 100 – 150ml да испијат од чаша за време на секој оброк. Вкупната дневна количина која би требало да ја испијат е околу 1l. Жедта на вашето дете може да варира: кога детето е многу активно или кога е многу топло надвор, на детето ќе му треба повеќе течност.

Кои пијалоци се препорачани?

Водата е најсоодветна (вода за пиење од чешма или минерална вода како HiPP вода) и незасладени билкови чаеви или овошни чаеви кои можат да ја згаснат детската жед. Од време на време, можете да му понудите на вашето дете разредени овошни сокови во однос 1 доза сок и 2 дози вода или чај. Сами можете да ги мешате разредените сокови користејќи 100% овошни сокови и вода од чешма или минерална вода.

Дали моето дете е доволно големо да пие газирани пијалоци?

Најчесто, газираните пијалоци содржат голема количина на шеќер и снабдуваат со многу енергија, додека содржината на овошје која обезбедува витамини и минерали е прилично мала или не постои. Поради тоа, исто како и напитоците кои содржат кофеин, не се соодветни за гаснење на жедта.

Имате ли дополнителни прашања?

Ве молиме не се двоумете да не контактирате на:

телефонскиот број: 02/3112 525 
или контакт форма