Направете сами HiPPiS сладолед
Дали сте во потрага по „здрав” сладолед за вашите деца кој не содржи додаден шеќер? Со помош на омилениот HiPPiS вкус и калапчиња за сладолед во омилениот облик можете да направите сладолед од 100% овошје.
Неколку чекори до совршен HiPPiS сладолед:
Измијте го темелно калапчето за сладолед.
Внимателно истиснете го овошјето од HiPPiS кесичката во калапчето.
Затворете го калапчето со соодветното капаче.
Ставете го наполнетото калапче во замрзнувач и оставете го таму околу 3 часа.
Извадете го калапчето од замрзнувачот и ставете го неколку секунди под млаз топла вода. Сега внимателно извадете го капачето и извадете го сладоледот од калапот.
Уживајте во сладоледот!
Измијте го внимателно калапот после секое користење.