Зошто Јуниор млекото е толку важно за малите деца?
Јуниор млекото е направено за совршено да ги задоволи потребите на вашето мало дете.
Млекото и млечните производи се многу важни елементи во исхраната на вашето дете, помеѓу другите работи, тие осигуруваат вашите деца да добиваат доволно калциум за силни коски и здрави заби.
Јуниор млекото освен калциум исто така содржи дополнителни компоненти за раст кои во оваа важна фаза на растење и учење им се потребни а многу често не ги добиваат во доволни количини. Според извештајот на Германското здружение за исхрана од 2008, малите деца на возраст помеѓу 1-3 години добиваат премногу протеини, недоволно полинезаситени масни киселини (Омега-3), недоволно железо, јод, фолна киселина или витамин Д. Јуниор млекото ги содржи овие елементи во неопходните количини.
Се препорачува малите деца да добиваат 300-330ml од млеко и млечни производи во текот на денот – идеално е да се служат во 2-3 порции во текот на денот.