Малите деца имаат потреба од поголема количина на хранливи материи во исхраната отколку возрасните.....
.... како на пример 4 пати повеќе железо и 3 пати повеќе калциум во однос на нивната телесна тежина. Производите за мали деца се составени од особено вредни состојки и се делумно збогатени.
Малите деца треба да конзумираат помалку сол преку храната отколку возрасните....
...бидејќи не треба да сенавикнуваат на солена храна. Исто така, може да помогне да се спречи појава на висок крвен притисок понатаму во животот (ЕУ Директива за производи во раното детство)
Малите деца не треба да конзумираат непотребно шеќер преку храната...
...бидејќи тие не треба да се навикнуваат на претерано слатка хрна. Исто така, ова може да помогне да се превенира појава на дебелина и кариес. Производите за мали деца како десерти, овошни барови, и ужинки се со лимитирана содржина на шеќер (ЕУ Директива за производи во раното детство). Јуниор млекото не содржи додаден шеќер – содржи само јаглехидрати кои природно се содржат во млекото.
Малите деца сеуште неможат правилно да ја џвакаат храната...
...производите за мали деца се посебно прилагодени во однос на големината на парчињата и нивната текстура.
Малите деца се во нивната фаза на раст...
...затоа се многу поосетливи на загадувачи. Практично, храната за мали деца не смее да содржи никакви загадувачи и остатоци (ЕУ Директива за производи во раното детство)
Малите деца се повеќе склони кон инфекции...
...и се повеќе чувствителни на храна која е загадена. Поради тоа сите производи за мали деца се хигиенски безбедни.
Некои адитиви кои се користат во повеќето храни не се дозволени да се користат во храната за мали деца...
...производите за мали деца не содржат било кој од тие адитиви (во согласност со законот).
Малите деца треба да се научат на природна и здрава исхрана колку што е можно порано...
...поради ова производите за мали деца содржат многу здрави состојки како што се зеленчук и овошје. Тие треба само нежно да се зачинат – без појачувачи на вкус и непотребни ароми.
Начинот на кој се претставува храната е многу важен за малите деца...
...производите наменети за мали деца може да го направат јадењето забавно благодарение на нивното пакување и облик
Малите деца мора да научат како да јадат сами, како да гризнат залче и да џвакаат правилно...
...производите за мали деца за грицкање се направени да се држат со малите рачиња и не прават голем неред во текот на јадењето. Затоа овие производи може да ги охрабрат децата да јадат сами.