Балансирана исхрана на бебиња
Зошто препорачуваме разновидност и разноврсност во дохраната денес-во посредба со порано?
Во првите неколку месеци од дохрана бебињата се расположени за нови вкусови. Затоа се препорачува на оваа возраст да се нудат разни здрави храни. Ако бебињата се навикнат на различни вкусови во оваа рана фаза, може да ги прифатат подобро како што ќе растат. Порано, повеќе се препорачуваше еднострана исхрана, за да се спречат алергии. Денес се знае од многу научни студии дека важно е за имуниот систем децата од периодот на дохрана да ги запознаат состојките како риба, јајца и млеко.
Како најдобро да го внесам ова во исхраната на моето дете?
Оброкот на пладне е прв комплетен оброк за бебето. Прекрасно е што има многу разни вкусови за пробување. Кога ќе се навикне на јадење со лажица, можете да ги менувате оброците дневно. Еден ден, на пример, дадете телешко со моркови, наредниот, на пример, пченка со мисирка. Со одбирање различни зеленчуци, месо и повремено риба или вегетаријански оброци, можете да внесете разновидност во планот за исхрана на вашето бебе.
На што треба мајките да внимаваат со вегетаријанските оброци?
Давајте му на бебето неколку мали лажички(околу 50г) овошје или овошен сок богат со Витамин C како десерт .Ова помага за апсорпција на железо од житарки и зеленчук. Железото е важно за формирање на крвта и за менталниот развој на бебето и затоа е од посебна важност за исхраната на бебињата.
Вегетаријанските оброци треба да содржат избрани состојки како целозрнести житарки (овесни снегулки, просо), амарант или легуминози како леќа. Овие храни се сметаат за добар вегетаријански извор на железо.
За железото од житарки и зеленчук се апсорбира подобро, важно е да давате овошје или овошен сок богат со витамин C со оброците. Доволни се неколку мали полни лажици како десерт.