Дали вашето бебе пие доволно?

Колку вашето бебе има потреба од течности зависи од возраста и видот на исхрана.

Во текот на првите месеци, бебето ја заситува и гладта и жедта со млеко. Додатни течности како вода и чај стануваат потребни доколку бебето поти или губи големи количини на течности(топлина, треска).

За време на периодот на дохранување, бебињата имаат потреба од дополнителни течности покрај млеко или формула. Потребата расте со зголемувањето на дохраната. Во почетокот бебето пие малку бидејки добива течности од млеко или формула. Од третиот оброк дополнителна храна ќе треба нешто да пие со секој оброк. Бебиња во 2ра половина од првата година имаат потреба од прибл.1/2 литар течност, вклучувајки мајчино млеко или формула.

Соодветни пијалоци се вода од чешма или минерална вода за бебиња и мали деца, како HiPP изворската вода за бебиња. Други пијалоци се специјални чаеви за бебиња, органски сокови и минерална вода, органски чаеви и сокови, разредени сокови(1 дел сок и 2 дела вода). Идеално е да нудите пијалоци меѓу оброци, со оброци или после оброци, но не непосредно пред оброк бидејќи тоа го намалува апетитот. 

Сите HiPP пијалоци

Важно:

Секој пијалок кој се пие често или постојано од шише може да предизвика забен кариес. Затоа:

  • Не дозволувајте бебето да го користи шишето за постојано цицање, како цуцла или помош за спиење
  • Секогаш држете го шишето при хранење на бебето и дозволете да пие брзо
  • Одржувајте нега на забите од првото запче
  • Запознајте го бебето со чашка за пиење од 8 месеци.