Како да го навикнам бебето на дохрана?
Во зависност од индивидуалната состојба на развој на бебето, мајчиното млеко или млечната формула нема да е веќе доволна во периодот од 4 до 6 месеци. Експертите за исхрана препорачуваат проширување на менито со додавање на овошје, зеленчук и месо. Месото не е само богато со протеини. Исто така е најдобар извор на природно железо.
Прва недела со дополнителна храна меѓу 4 и 6 месец
Појадок | Доење или HiPP млечна формула (1 Organic, 1 Combiotic, HA 1 Combiotic) | |
Подоцна во утрото | Доење или HiPP млечна формула (1 Organic, 1 Combiotic, HA 1 Combiotic) | |
Ручек | HiPP Зеленчук(пр.Беби морков, Бел морков, Беби тиква) проследено со доење/млечна формула | |
Попладне | Доење или HiPP млечна формула (1 Organic, 1 Combiotic, HA 1 Combiotic) | |
Вечер | Доење или HiPP млечна формула (1 Organic, 1 Combiotic, HA 1 Combiotic) | |
По потреба | Вода за бебиња, незасладен чај |
* Важни совети: доењето е најважно за вашето бебе. Прашајте го вашиот педијатар за совет ако сакате да користете млечна формула.
- За ручек пред млекото, почнете со 4-6 лажици HiPP зеленчук, пр. „Беби морков“, „Бел морков“ или „Беби тиква“.
- После зеленчукот, дадете го вообичаениот млечен оброк (мајчино млеко или HiPP млечна формула) додека бебето е сито.
- Зголемувајте ја количината на зеленчук по неколку лажици секој ден.
- Доколку бебето не го прифаќа зеленчукот веднаш:бидете трпеливи. Обидувајте се неколку дена.
- Користете рамна пластична лажичка со заоблени рабови.
Од втората недела со дополнителна храна
- Продолжете со зеленчук како HiPP „Тиква со компир“ и други комбинации кои можете да ги додадете на менито.
Што е следно?
- Откако бебето ќе се навикне на зеленчук, можете да дадете оброк со месо, како HiPP „Морков, компир и телешко месо“ или „Пченка со пире од компир и мисирка“.
- Еден оброк со месо е важен за да обезбеди доволно железо за вашето дете.
- Кога вашето малечко ке изеде цела тегличка со оброк(190г), изоставете го мајчиното млеко/HiPP млечната формула за ручек.
- Неколку лажички од HiPP овошје или Овошје и Житарки како десерт го прават ручекот комплетен. Витаминот C во овошјето ја помага апсорпцијата на железо.
- Како нареден чекор, доењето/млечната формула навечер може да се замени со млечна и житна каша. Достапни се како HiPP каши за добра ноќ без додаден шеќер во тегла или како снегулки за да се комбинира по желба.
- Како трет оброк од дохрана, житна и овошна каша(HiPP Овошје и Житарици) се дава попладне наместо млечен оброк.
- Кога бебето се дохранува и еден млечен оброк комплетно е заменет со каша, после 6 месеци можете да преминете од почетна на последователна формула (HiPP 2 Organic, HiPP 2 Combiotic, HiPP HA 2 Combiotic). Бебињата кои се доени, продолжуваат со доење.
* Доколку сакате да давате последователна формула во шише пред 6 месеци, прашајте го педијатарот за совет.