Совети за теглички
Припрема на теглички
Извадете ја количината од тегличката која очекувате бебето да ја изеде и загрејте ја во водена бања или микробранова. Ако користите водена бања, погрижете се температурата да не надмине 70°C бидејќи на оваа температура може да излезе етикетата и да предизвика паѓање на тегличката.
- После загревањето, измешајте ја содржината на тегличката со пластична лажичка и внимателно проверете ја температурата.
- Не користете остатоци кои еднаш сте ги загреале.
- Не-загреани остатоци можат да се чуваат затворени во фрижидер, но да се искористат во наредните 1-2 дена(видете на етикета).
- Внимавајте: при температура над 70°C може да излезе етикетата и да предизвика паѓање на тегличката.
Внимавајте на безбедност на тегличките
Секоја тегличка е проверена за совршено затворање пред да го напушти погонот за производство. Со ова се осигуруваме дека само правилно затворени производи се доставуваат. За да му дадете на вашето бебе храна која е со одличен квалитет во секое време, проверете дали паковањето е неоштетено во продавницата и пред да го отворете и дадете.
За тегличките, пробајте го „капак тестот“: средината на капачето треба да е вдлабната (малку надолу) и не смее да се притиска под притисок. Секоја тегличка со свиткан нагоре капак не треба да се користи од безбедносни причини.
Додатно, треба да забележите јасен звук на кликање кога ја отварате за прв пат.