Дигестија кај бебињата: Што треба да се направи доколку столицата е течна/мека?
Столицата на бебињата може многу да варира во боја, конзистенција, во зависност од исхраната на бебето (мајчино млеко, стандардна млечна формула, HA формула, дополнителна храна)-исто како и кај возрасните.
Класичната столица на доено бебе е мека до течна. Ако бебето е екслузивно хрането со формула, во зависност од составот на истата, столицата може да е потврда или слична на доени бебиња. Нашиот HiPP Combiotic содржи диететски влакна (галактоолигосаHAриди добиени од лактоза), на пример, кои ја омекнуваат столицата.
Столицата се менува...може да стане потечна ако...
- се промени формулата(фаза 1 во 2)
- излегуваат запчиња
- малку/помалку храна внесува
- пие многу дополнителни течности, на пр. за време на лето кога е топло
- внесува голема количина на овошје/сок
Што можете да направите?
Прифатете ја ситуацијата и чекајте, менувајте пелени почесто, дозволете да дише кожата на газето и ако треба нанесете крем за заштита на нежната кожа во пеленскиот регион.
Совети за стврднување на столица (возраст за дохрана)
- Избор на храна
- Банани и моркови ја стврднуваат столицата
- На нашите теглички, кај листата на состојки ќе најдете напомена “стврднува столица“ на пример на HiPP Бел морков, HiPP Беби морков Следете колку овошје и сокови внесува и намалете ја количината ако треба
Ако столицата е течна и има непријатен мирис, и ја има неколку пати денот (почесто од обично), тогаш се работи за дијареа и многу е важно да посетите педијатар. Дијареата секогаш треба да се третира според доктор.Само Вашиот педијатар може да ја открие причината.
Ако бебето и повраќа и има температура, или едноставно изгледа болно, најверојатно се работи за гастроинтестинални тегоби, кои често се појавуваат кај бебињата и малите деца и многу е важно педијатар да ја следи ситуацијата.
Ако бебето страда од дијареа и/или повраќање, се губат колема количина на течности и минерали(електролити) за кратко време. Ако не се надохнадат, телото на бебето може брзо да дехидрира.
Најважно е да се надохнадат изгубените течности и минерали. За ова докторите препорачуваат внес на орални раствори за рехидратација, ОРС. Достапни се во секоја аптека.
HiPP исто така има производ за оваа намена наречен „HiPP ORS Морков и Ориз орален раствор за рехидратација“. Специјалниот состав овозможува телото брзо да се снабди со течности и минерали.