Совети за дентална заштите и грижа за забите
Здрави заби од почеток
Освен „пријателска за забите“ исхрана со малку шеќери и киселини, правилна нега на забите е вториот столб за дентално здравје. Првите малечки запчиња треба да останат здрави и убави најдолго што е можно, бидејќи здрави млечни заби се многу важни за здравјето на трајните заби. Затоа треба од првото запче да се почне со дентална хигиена. Составивме неколку важни совети, но секогаш консултирајте го Вашиот стоматолог.
HiPP Совет 1 – Чистење на малите запчиња
Веднаш кога ќе се појават првите запчиња, треба да почнете да ги миете. Во почетокот е доволно со навлажнето памукче да се истрие запчето. Кога ќе излезат повеќе заби, може да се чистат еднаш или два пати дневно со бебешка четка.
Нема потреба да се користи паста за првите неколку запчиња. И подобро е без паста бидејќи сеуште не знае да ја плукне после миењето на забите. Консултирајте се со Вашиот педијатар за употреба на паста. Така ќе се информирате за вистинското време и избор на паста.
Ве молиме разговарајте и за употреба на флуор за посилни заби, педијатарот најдобро знае што му треба на Вашето дете.
HiPP Совет 2 – Заштита на малите запчиња
Дали знаете дека можете да му пренесете на детето забен кариес? Ако ја лижете неговата лажица или цуцла, бактериите од Вашата уста лесно можат да се пренесат на бебето. Затоа, секогаш користете нова лажица или цуцла за Вашето малечко.
HiPP Совет 3 – Избегнете постојано шмукање
Секој пијалок може да предизвика оштетување на забите(кариес) ако често или постојано се шмука од шише – дури и вода.
Затоа:
- Погрижете се детето да пие во еден налет – додета ја згасне жедта
- Не му го давајте шишето за постојано да го шмука, како цуцла или како помош за заспивање
- Вие држете го шишето, не му го давајте на бебето да го држи
- Навикнувајте го бебето да пие од чашка од 8 месец
HiPP Совет 4 – Не „грицкајте“ цело време
Не му нудете на детето цело време нешто да јаде и пие. Особено навечер треба да се остават забите да мируваат бидејќи меѓу оброците плунката ја поправа забната глеѓ. Овој процес е познат како „реминерализација“-растворени минерали се ре-инсталираат. Но, храната носи плунка со себе и потоа не може да ги поправа забите. Затоа давајте храна и пијалоци во одредено време за оброци и избегнете „ужини“ и оброци навечер.