Патување без стрес
Со автомобил
Многу родители на првиот одмор со бебе патуваат со автомобил:
- Испланирајте да патувате во ден кога не се очекува голема сообраќајна гужва
- Тргнете во време кога бебето е уморно и за брзо би заспало
- Пред да тргнете променете ја пелената и нахранете го бебето
- Заштитете го од сонце во колата, на пр. ставете крпа или сенка за заштита од сонце на прозорецот до бебето. Бидете внимателни со клима уредот: бебињата се ладат побрзо од возрасните. Внимавајте да не го изложите бебето на провев кога е отворен прозорецот.
- Правете пауза од барем половина час на секои 2 часа возење.
- Понесете HiPP Овошје и Житарки за патувањето. Не заборавајте да спакувате доволно пијалоци за патувањето.
- Чувајте ја храната на лесно достапно место и во кеса за ладење, но не ја ладете премногу. Не заборавајте да понесете крпи, влажни марамици/хартиени шамивчиња и кеси за отпад.
- За време на возењето бебињата секогаш седнувајте ги во детско седиште, соодветно за нивната возраст
Со авион
- Педијатрите немаат ништо против летање со авион на одмор.
- Само со еден исклучок: настинка! Промената на притисокот може да предизвика силна болка во ушите. Капки за нос помагаат, но за секој случај најдобро е детето да го прегледа доктор.
- Прашајте ја авиокомпанијата за посебни седишта за семејства со бебиња. Многу авиокомпании обезбедуваат креветче за спиење за долги летови.
- Во секој случај во рачниот багаж треба да имате шише и цуцла, дебели чорапи, ќебе, пелени, влажни марамици и играчки/книги со слики за занимација. Стјуардесите ќе ви ја затоплат храната за бебето или ќе ви донесат топла вода за подготовка на млечна формула доколку Ви треба.
- Внимание: течности се дозволени во рачниот багаж но во ограничени количини. Течности и гелови (на пример производи за нега на тело) не смеат да надминат 100мл и мора да се носат во прозирна кеса која се отвора и затвора. Храна за бебиња потребна за летот е исклучок и може да се носи надвор од пластичната ќеса.
- За време на полетувањето и слетувањето доете го бебето или имајте спремно шише и цуцла. Голтањето помага да се изедначат притисоците. Во спротивно бебето ќе добие болка во увото.
- Воздухот во авионите е сув. Затоа давајте му нешто да пие често.
- Бебињата најчесто патуваат бесплатно или се наплаќа само 10% од авио-билетот. Затоа, не добиваат одделно седиште.