Плачење и вриштење
Што да правам ако бебето плаче?
Кога Вашето малечко плаче, прва реакција ќе Ви биде да го кренете или да седите до него за да се смири. Инстинктивно ја направивте правилната работа. Со плачење бебињата сигнализираат дека не се осеќаат добро. Ако Вашето бебе плаче, има потреба од сигурност дека сте до него и не е само.
Што да направите ако Вашето бебе плаче?
- Ако Вашето бебе е гладно, кревањето во раце нема да го смири за долго време. Ако последниот оброк бил пред повеќе од 2 часа, пробајте да го доите или да го храните со шише. Ако јадело пред 1 час, најверојатно гладот не е причина за плачењето. Пробајте да го ждригнете повторно и почекајте за наредниот оброк. Ова Ви го препорачуваме бидејки ако интервалите меѓу оброците се многу кратки, стомачето на бебето нема да е празно од претходниот оброк и бебето најверојатно ќе плаче уште повеќе!
- Подуеност може да е причина за плачење на бебињата. Се појавува ако има воздух во стомачето и бебето не подригнало доволно после последниот оброк. Кренете го бебето внимателно и уште еднаш подригнете го. Некогаш помага да го масирате стомачето со лесни, кружни движења во правец на стрелките од часовникот. Ова би ги растворило воздушните меурчиња во цревата од кои бебето не може само да се ослободи.
Со подуеност може да помогне „авионската поза“: легнете го бебето на неговото стомаче врз Вашата подлактица. Придржувајте му го главчето со Вашата рака. Можете да го направите истото со главчето кон Вашиот лакт. Можете да го носите вака или само да го гушкате.
- Проверете дали е пелената полна или газето на бебето е можеби иритирано
- Можеби бебето плаче бидејки му е ладно. Ако сакате да го стоплите бебето пред спиење, можете да користите специјално шише со жешка вода кое е обложено со платно. Но внимавајте да е добро затворено да не може да протече и да не е премногу жешко! Кога го ставате бебето во кревет, прво извадете го шишето со жешка вода.
- Некогаш бебињата плачат и кога им е жешко. Ако бебето се поти околу вратот, проверете дали е премногу облечено. Идеална облека е од природни материјали бидејќи дозволуваат размена на топлина со околината. Бебињата не се осеќаат многу топло во нив, а од друга страна нема да е многу лесно облечено. Волнени јакни и капи се потребни само за надвор и само ако е ладно или ветровито.