План за исхрана
HiPP планот за исхрана се базира на откритијата на нутритивната наука, педијатриска медицина како и нашето долгогодишно искуство. Служи како водич за исхраната на Вашето дете. Во зависност од развојот на Вашето дете, може да има варијации. Доколку не сте сигурни, Ве молиме консултирајте се со Вашиот педијатар.
Доењето е најдобро за Вашето бебе
Доколку не доите, препорачуваме HiPP Млечни формули специјално создадени за индивидуалната возрасна група или HiPP HA формули за бебиња со ризик од алергии.
*Започнете со дополнителна исхрана според развојот на Вашето бебе и почнете после 4 месеци најрано и после 6 месец најдоцна.
Обезбедете балансирана разноврсност со нудење на различни видови каши.
Исхрана на Вашето бебе кога има ризик од алегии
- Детали за исхрана на бебиња со ризик од развој на алергии можете да најдете овде.
- Мајчино млеко или хипоалергена почетна формула како HiPP HA 1 Комбиотик
- Кога започнувате со дохрана, според научните сознанија важат истите препораки како за деца без ризик за развој на алергии. Започнете според развојот на Вашето бебе и почнете после 4 месеци најрано и после 6 месец најдоцна-подоцен старт не обезбедува подобра заштита од алергии.
- Важно е да воведувате дохрана чекор по чекор во исхраната на Вашето дете. Ова му дава доволно време на бебето да се навикне на новата храна и вака ќе можете да препознаете кои храни се добро толерирани.
- Кога бебето добива дополнителна храна и еден млечен оброк е потполно заменет со каша, после 6 месеци можете да преминете од HA 1 Комбиотик на HA2 Комбиотик, како дополнување на дохраната. Доколку имате прашања во врска со воведување на дохрана во исхраната на Вашето дете, консултурајте се со Вашиот педијатар.