План за исхрана: Од 10 до 12 месец*
Дали сега бебето може да јаде иста храна како возрасните? Не баш. Храната на децата не треба да е многу зачинета, треба да е лесно сварлива и лесно да се припрема. Можете да почнете да нудите некои фамилијарни јадења. Малечките гурмани ќе бидат воодушевени од големиот избор на понуда.
Рано наутро: Млекото останува идеален прв оброк во денот за Вашето дете. Доете го или припремете HiPP 2 Последователна формула, која е посебно соодветна за потребите на бебињата на оваа возраст.
Ако порадо би му дале цврста храна, HiPP Муслите за Добро Утро со јогурт, вкусно овошје или фини житарици се одлична опција.
Вашето дете веќе сака леб? Парче леб со HiPP 3 Јуниор млекото прават комплетен појадок.
Подоцна наутро: Најдобро е да продолжете со давање житно-овошна каша подоцна наутро. HiPP Овошје, Овошје и Јогурт или мали пецива се практични ужинки за носење за измеѓу оброци.
За ручек: Комплетни оброци со мали парчиња обезбедуваат се што му треба на Вашето бебе за здрав оброк за ручек.
Во попладнето: Како за меѓу оброци можете да продолжете да нудите житно-овошни каши, HiPP Овошје и Јогурт или HiPP Овошен Дует. Сигурно детето би уживало и во неколку бисквити.
За вечера: Каша за добра ноќ во тегличка или млечни каши кои Вие ги припремате се вкусни вечерни оброци. Детето порадо би јадело храна која другите ја јадат? Тогаш пробајте парче леб во комбинација со HiPP 3 Јуниор млеко во чаша.