План за исхрана: Од раѓање до 4 месец
За време на првите месеци, доењето е најдобро за Вашето бебе
Доколку не доите, индустриски произведени млечни формули се единствена алтернатива. Почетните формули се создадени потполно да ги покриваат нутритивните потреби на бебињата во првите месеци. Затоа, можат да се користат како ексклузивна исхрана. Почетните формули, исто како мајчиното млеко, треба да се даваат според потребите на Вашето бебе; тоа значи често и во количина која бебето сака да ја пие.
Во првите месеци Вашето бебе ги задоволува гладот и жедта со пиење млеко. Дополнителни течности како чај или вода се потребни само ако бебето поти или губи многу течности (на пр. дијареа)