Упатство за изработка на господин Црвче Капаковски
За деца над 6 години.
Потребни ви се
- 60 шарени HiPP капачиња од теглички
- Цврст конец за плетење
- Тенка жица
- Шарени украсни жици
- Шарени дрвени бисери
- Една голема дрвена кугла
- Црно пенкало
- Сврдел
- Пиштол за топол лепак
Како се изработува
- Издупчете дупка на сите капачиња со сврделот
- Нанижете 6 шарени дрвени бисери на цврстиот конец за да ја направите опашката на црвот
- Потоа нанижете 20 капачиња така што долниот дел да биде свртен наспроти крајот на црвот
- За нозете на црвот, замотајте тенка шарена жица околу конецот, скратете ја на посакуваната должина и ставете преку истата шарени дрвени бисери
- Повторете ги претходните 2 постапки сè додека не ги нанижете сите капачиња
- Нацртајте “смешно лице” на дрвената кугла користејќи црн фломастер
- Ставете шарен дрвен бисер на конецот за плетење и залепете го на дрвената кугла за да го направите носот на црвот.
- Направете јазол на крајот на конецот за плетење после носот.
Готово!