Правилна исхрана пред спиење
Смирен и релаксиран ноќен сон е важен за раст и правилен развој на бебињата – и е многу важен и за мама и тато.
Освен смирувачки рутини пред спиење и мирна околина, полно меше и лесно сварливи вечерни оброци кои не се тешки за стомакот се исто важни за лесно заспивање и спиење во текот на ноќта. Мора да се напомене дека кашите пред спиење не треба да содржат шеќер.
После 4 – 6 месец, според препораките на Истражувачкиот институт за Исхрана на деца, млекото треба да се надополнува со дополнителна храна чекор по чекор. Многу родители го имаат истото прашање: Која каша е најдобра за добар сон во текот на ноќта?
Што е лесно сварливо, долго заситувачко и би му помогнало на бебето да спие релаксирано во текот на ноќта?
Млечна житна каша е испробан и тестиран традиционален избор за вечера. Млекото содржи хранлив, лесно сварлив протеин. Нежните житни снегулки снабдуваат со енергија и овоможуваат телото да има енергија за подолг временски период. Поради тоа, бебето ќе спие мирно без да се буди од напади на глад.
Ова е најдобар начин за завршување на денот и за почеток на релаксирана ноќ:
Обратете внимание на сигналите што ги праќа бебето. За убаво да се најаде за вечера, не треба да е премногу уморено за да не заспие додека јаде. За да спие во текот на ноќта, треба да има доволно време да јаде за да биде сито. Дозволете денот да заврше мирно и испланирајте да поминете некое време во гушкање, со цел природно и постепено да заспие.
Кои кашички за добра ноќ се достапни од HiPP?
Баш тоа што сакаат мајките: исто како и органските млечни каши за „Добра ноќ“, HiPP создаде вечерни оброци во теглички без додаден шеќер. Млекото кое одговара на возраста на бебето снабдува со доволна количина на висококвалитетен протеин, а нежните хранливи снегулки гарантираат солготрајна ситост.
За слатки соништа не треба дополнителен шеќер. Затоа HiPP одлучи да не додаде воопшто. Користевме само состојки кои и мајките би ги додале – плус избрани витамини и калциум, според строгите препораки за млечни житни каши за бебиња.