HA формулата го намалува ризикот од алергии
Млечните протеини може да бидат одлучувачки фактор за предизвикување алергии. Со HA формулата протеинот во млекото е разделен преку посебен процес и компонентите на протеинот организмот ги препознава како помалку туѓи. На овој начин, HA формулата помага да се намали ризикот од алергии.
Протеинот во HiPP HA Combiotic почетната формула е разделен во голем мера и ултра филтриран и е тестиран во проспективна опсервациона студија во во врска со избегнување на алергија.
Да се биде конзистентен во првите 4-6 месеци е клучно за успех. Дури и мали количини на почетна формула со нормален, не разделен во голема мера протеин може да доведе до сензибилизација и на тој начин да се загрози ниско алергената исхрана.
Ве молиме внимавајте: дури и исхрана која е со ниско ниво на алергени не може да гарантира 100% заштита, меѓутоа може да се намали ризикот од алергии.
Мајчиното млеко промовира здрава цревна флора. Oва може да биде заштита од алергии.
Покрај млечните протеини, цревната флора кај децата исто така игра важна улога во борбата против алергии. Студии покажаа дека составот на цревната флора кај деца со и без алергии се разликува значително.
Цревната флора кај деца кои се со алергии вообичаено содржи повеќе несакани бактерии, додека бројот на добри млечно кисели бактерии е понизок отколку кај деца без алергии. Здравата цревна флора врз основа на моделот на доени бебиња се чини дека има одлучувачка улога за да се одбегне алергија.
HiPP HA Combiotik®: според моделот на мајчиното млеко
Мајчиното млеко е водич по кој се раководиме кога ги развиваме нашите формули. Многу пробиотски култури може да се најдат во мајчиното млеко,од кои секоја може да се разликува од следната. Пребиотските диететски влакна кои обезбедуваат здрава цревна флора исто така се среќаваат во мајчиното млеко. HiPP HA Combiotic® содржи на пр. важни диететски влакна (GOS*), природни млечно кисели култури и есенцијални омега-3 масни киселини.
*Галактоолигосахариди – важни диететски влакна