Доење
Кога и колку често треба да се храни бебето?
Кога е гладно вашето бебе, ставете го да цица. На тој начин, вашето бебе ќе се храни во согласност со потребите и за неколку дена лактацијата соодветно ќе се прилагоди Доколку апетитот на вашето бебе се зголеми, бебето ќе сака многу почесто да јаде: ова ќе ја стимулира лактацијата и ќе има достапно повеќе млеко. Зголемена лактација исто така значи дека автоматски ќе се зголеми периодот помеѓу секој подој.
Дали моето бебе добива доволна количина на млеко?
Количината која вашето бебе ја пие може да варира од оброк до оброк како и од ден до ден. Показател дека количината на млеко е доволна е тоа дека пелената на вашето бебе е прилично тешка 4-5 пати дневно. Дополнително, можете да го мерите вашето бебе еднаш неделно.
Премин од мајчино млеко на млечна формула – која, кога, колку?
Не постојат точно утврдени правила кога да се започне со дохрана. Мајката и детето треба полека да се навикнат на новата ситуација а тоа е многу индивидуално и многу различно. Постепеното воведување на дохрана е полесно и помалку стресно без разлика дали дохраната е ваш или избор на вашето дете. Доколку сакате да започнете со дохрана, се препорачува да го примените планот чекор по чекор.
Со заменување на подоите еден по друг со почетна формула, вашата лактација постепено ќе се намалува, без вашите гради да се полни и тоа да ви создава непријатност. На овој начин, вие исто така ќе бидете сигурни дека вашето дете постепено ќе се навикнува на друга храна и дополнително добива нежна љубов и грижа.