Хигиена
Шишињата и цуцлите мора да се темелно исплакнати после секој оброк и да се стерилизираат.
- После секој оброк, исчистете ги шишињата и приборот со четка.
- Измијте ја цуцлата, протријте ја со сол и измијте ја повторно
- Гумените цуцли повремено треба да се превриваат (не е задолжително за силиконските цуцли).
- До следното користење, чувајте ги во чиста крпа или во затворен сад. Редовно проверувајте ја состојбата на цуцлите. Гумените цуцли може да станат порозни. Трагите од гризење и гребнатините на силиконските цуцли се знак за оштетување. Од безбедносни причини таквите цуцли веднаш треба да се променат. Ве молиме не ги стерилизирајте мерните лажички за млечна формула и не ги мијте во машина за садови.
- Доколку е неопходно, измијте ја рачно лажичката и исушете ја добро. Оштетените мерни лажички не треба повеќе да се користат.