Количина за пиење
Дали моето бебе мора да ја испие целата количина?
Апетитот на бебињата може да варира, и секое бебе има сопствени потреби. Препорачаната количина на пакувањето e просечна количина што бебињата ја пијат на таа возраст. Бебињата најдобро знаат колкава потреба имаат од формулата и самите ја регулираат истата.
Немојте да се грижите доколку остане нешто во шишето; тоа само покажува дека вашето дете е сито. Во никој случај не смеете да ги користите остатоците.
Колку оброци му се потребни дневно на моето бебе?
Исто како и кај бебињата кои се на доење, количината на оброците кај бебиња кои се хранат од шише, може да варира. Бројот на оброци зависи од возраста на бебето, на пр. тие се намалуваат кога ќе се воведе дополнителната исхрана. Препораките за соодветната HiPP млечна формула ќе ги најдете како водич на самото пакување.