Млечни формули
Кога треба да да преминам од почетна на последователна формула? Од која возраст може да пие кравјо млеко моето дете?
Премин на друга формула или храна е возможен – не и неопходен. Вашето дете е обезбедено со сите важни хранливи материи со целосниот асортиман на HiPP млечните формули – секако комбинирани со млечни каши за соодветната возраст кога веќе се дохранува. Најважно од се е само дека вашето дете е среќно и сито со избраната формула. Сепак, преминот кон друга формула нема да претставува проблем. Доколку,се разбира, се почитуваат препораките за исхрана за соодветната возраст.
Промената треба да се одвива постепено со секое наредно шише – секојдневно зголемувајте го бројот на шишиња кои ја содржат новата формула. На овој начин, дигестијата на вашето бебе ќе се навикне на новата формула и вие ќе можете да видите дали вашето бебе ја толерира новата формула. Во едно шише не треба да се мешаат две различни формули.
Во текот на првата година, кравјото млеко треба да се дава само во мали количини и тоа како составен дел на оброците, но не и како основна храна во стандардна форма.
Кога вашето дете ќе потпорасне, експертите за доручек препорачуваат Јуниор формула со мусли или само под формата на млеко кое се конзумира од чаша. Тоа го обезбедува вашето дете со сите важни витамини и минерали кои се неопходни за правилен раст. Има редуциран протеински состав кој е соодветен за детето.
Кога треба да ја заменам HA формулата со стандардна млечна формула?
Постојаната ниско-алергена исхрана во првата половина од животот е одлучувачка за спречувањето на алергии.
Бебињата со ризик од алергија треба да се само на мајчино млеко или почетна хипоалергена млечна формула (HA формула) во првите шест месеци.
Ве молиме имајте во предвид дека овие мерки за превенција од алергија го губат својот ефект во моментот кога ќе се даде стандардна млечна формула или пак нехидролизирана специјална формула, на пр. AR формула или пак храна за специјална медицинска намена. Дали и колку стриктно треба да се спазува ниско-алергената исхрана во втората половина од животот треба да се реши од вашиот лекар – според индивидуалното развитие.
Може да ја проширите исхраната на вашето бебе со серијата на ниско алергени производи од HiPP.
Колку долго може да се дава млечна формула?
HiPP почетната формула како HiPP 1 е идеална за исхрана на доенчиња од 0 – 6 месечна возраст, додека HiPP 2 последователната формула е соодветна за втората половина од првата година.
Последователните формули содржат повеќе железо од почетните формули за да се осигура доволен прием на железо во втората половина од првата година. Не постои точно определен период кога треба да се престане со давање на почетна формула. Почетните и последователните формули може да се даваат толку долго колку детето сака.
Почетните формули се комплетни оброци кои после 4-от месец постепено – чекор по чекор треба да бидат заменети со избалансирана исхрана
Кога вашето дете е постаро од година, млекото кое го пие треба да биде дел од оброкот. HiPP Јуниор млечната формула совршена за користење. Таа е адаптирана според посебните диететски потреби на малите деца и е најдобро да се служи како дел од оброкот наместо кравјо млеко: пр. со сендвич или со мусли или пак како пијалок кој се конзумира од чаша помеѓу оброците. Ве молиме запомнете дека најдоцна до втората година, млекото и другите течности треба да се пијат од чаша. На овој начин вашето дете се охрабрува да научи нови вештини, се избегнува постојаното смукање и неговите запчиња се заштитени од кариес на забите.