Специјални Формули

Кога треба да се дава HiPP Анти Рефлукс Органската специјална формула?

Многу бебиња при подригнување после оброкот враќаат малку храна. Ова е сосема нормално и не треба да има причина за загриженост, се додека вашето бебе е среќно и расте и напредува. 

Сепак, ако вашето бебе продолжи да подригнува и повраќа, а вие сте загрижени за напредокот на вашето бебе, ве молиме контактирајте го вашиот педијатар. Педијатарот ќе одлучи дали вашето дете има потреба од специјална формула, како што е HiPP Анти Рефлукс Органската формула.

HiPP Анти Рефлукс Органската специјална формула во својот состав содржи природен рогач. Овој природен згуснувачки агенс кој ја прави формулата особено густа и на тој начин придонесува млекото подобро да се задржи во желудникот. На тој начин се намалува рефлуксот во хранопроводот (анти – рефлукс). 

Специјалните формули формули треба да се даваат под медицински надзор.

 

Дали HiPP Специјалните формули се соодветни за деца со ризик од развој на алергија?

HiPP Анти-рефлукс Органската формула делува сосема поинаку.  

Содржи протеини кои се со непроменета структура и поради тоа не треба да се дава на деца со ризик да развијат на алергија во првата година од животот. Според официјалните препораки, бебињата кои се со ризик да развијат алергии треба да се хранат само со мајчино млеко и/или формула со хидролизирани (разделени) протеини.

 

Моето бебе повраќа и има гасови: Која формула ќе ми ја препорачате?

Доколку вашето дете има дигестивни проблеми и често повраќа, во тој случај треба задолжително да му се обратите на вашиот педијатар и да разговарате за тоа. Педијатарот најмногу го познава вашето дете и најдобро може да процени и да одлучи која формула е соодветна за вашето дете. Вообичаено прво се третираат симптомите кои посочуваат кон дигестивните проблеми, но за тоа секако мора индивидуално да се процени.

Може ли да комбинирам HiPP специјална формула со HiPP почетна формула?

Во принцип, возможно е да се комбинираат HiPP специјалните формули со HiPP почетните формули. Вашиот педијатар треба да одлучи дали во конкретниот случај ова има смисла и да ви даде препорака.

Треба да се земе во предвид дека намалувањето на тегобите како што се гасови, запек или често повраќање може да се постигне благодарение на специјалниот состав на формулите. На детето кое често повраќа може да му се помогне со особено густата и кремаста HiPP Анти-рефлукс Органската специјална формула која го намалува рефлуксот на храната во хранопроводот. Доколку за следното хранење користите стандардна млечна формула, тогаш нема да го добиете посакуваниот ефект.

Имате ли дополнителни прашања?

Ве молиме не се двоумете да не контактирате на:

телефонскиот број: 02/3112 525 
или контакт форма