Витамин D за силни коски

Малите деца го откриваат светот и стануваат се поактивни. Витаминот D е особено важен за здрав равој во фазата на раст. Заедно со калциумот, витаминот D има главна улога во метаболизмот на коските и го подржува здравиот развој на коските.

Сепак, скорешни студии1-3 укажуваат за недоволна снабденост со витамин D кај деца и млади.

Витамин D – сончевиот витамин

Витамин D е единствениот витамин кој нашето тело  само по себе може да го произведе во нашата кожа. За да може да произведе витамин D, кожата мора да биде изложена на сончева светлина. Оттука доаѓа и името “сончев витамин“.

Околу 80-90% од потребната количина витамин D нормално се произведува од кожата. Само 10-20% се обезбедува преку храна.

Сепак, особено во зима UVB зраците во нашите географски ширини не се доволно силни, и витаминот D или не се произведува, или пак е само во минимални дози. Покрај тоа, помалку сме надвор и сме подебело облечени. Кај малите деца кои летно време се заштитени со висок заштитен фактор (> SPF 15), депото на витамин D не е соодветно исполнето. Со текот на времето можно е се повеќе и повеќе да се намалува нивото на витамин D. Витаминот D е исто така важен и за возрасните. Во храната, често нема доволно количини на витамин D, и како и кај децата, нивото на витамин D се намалива во текот на зимата. Германското друштво на нутриционисти проценува дека отприлика 60% од населението е со недостаток на на витамин D.3

Децата и младите треба да изградат многу коскена маса додека растат, бидејќи телото никогаш повеќе толку многу коскена маса како во првите 20 години. Само оние кои имаат изградено здрави коски во детството  се во можност да ги користат целосно како што треба како возрасни.

Калциумот и витаминот D пред се се важни за градење на силни коски. Калциумот претставува градивен елемент за коските. Витаминот D игра важна улога подржувајќи го нормалниот развој на коските и забите. Витаминот D исто така има важна улога и во други метаболитни функции во телото и има влијание на имуниот систем. 

Поради оваа причина доенчињата добиваат дополнителна количина на витамин D како дополнивање на мајчино млеко и/или млечна формула, бидејќи недостатокот од витамин D во раната детска возраст/детството може да доведе до ризик од појава на рахитис. Се препорачува да се зема витамин D се до втората година од животот.

Детето се уште расте и гради коскена маса. Многу родители, сепак не сакаат да продолжат секојдневно да го даваат дополнително. Поради ова многу често дополнителниот прием кај децата во раст се игнорира. Но сепак витаминот D е од суштинско значење во периодот на растење,

Бидејќи храната децата многу често подобро ја прифаќаат за разлика од витамин D суплементите и бидејќи млекото е важен дел од исхраната на малите деца, HiPP Јуниор млечните формули се достапни со сите важни градивни елементи за раст.

HiPP Combiotic®  содржи се што им е потребно на децата на оваа возраст: калциум и витамин D за здрави коски и заби.

Ние го добиваме витаминот D на два начина. Најголемата количина се произведува во кожата. Количината зависи од должината и интензитетот на сончева светлина. Заштитата од сонце, покривањето на кожата со алишта или ограничената количина на сончева светлина во зимските месеци го намалува производството на витамин D.

Дополнително, храната која што содржи витамин D може да помогне во снабдувањето со витамин D. Има само неколку храни кои содржат значителни количества витамин D, како што се масните риби (пр.харинга, лосос). Во црн дроб, жолчка од јајце и во некои печурки за јадење содржината е значително помала. Во просек, само 2-4 µg витамин D се добива од храната.

Совети за силни коски

Здравите коски треба да се изградат во раната возраст, бидејќи телото никогаш повеќе не формира толку многу коскена маса како во првите 20 години. Сите кои редовно “инвестираат“ во нивните коски како деца ќе имаат корист во остатокот од нивниот живот.

Што помага за градење на силни коски?

  • Јадење и пиење на храни кои содржат витамин D и калциум: млекото и млечните производи придонесуваат за снабдување со калциум исто како и коморач и брокули. Масната риба е одличен извор на витамин D. Во првата година витаминот D се дава дополнително под формата на капки како дополнение на мајчиното млеко или млечната формула. 
  • Да се биде активен и да се градат мускули: правилнатаисхрана сама по себе не е доволна за силни коски. Многу движење е понатамошен важен градивен елемент. На овој начин децата може да се запознаат со вежбањето од рана возраст, пр. детска гимнастика, и истовремено тие ги вежбаат мускулите на забавен начин.
  • Играње на отворено: свеж воздух и сонце е добро за сите нас. Особено “игри на отворено“ како што се трчање, скокање или игри со топка се забавни и допринесуваат за здрави коски. Искористете ја можноста за да играте со вашето дете на отворено – гарантирана двојна забава! Но ве молиме секогаш обезбедете соодветна заштита од сонце!

Извори:
1. Thierfelder W et al. (2007) Biochemical measures in the German Health Interview and Examination Survey for Children and Adolescents (KiGGS). Bundesgesundheitsblatt Gesundheitsforschung Gesundheitsschutz 50(5-6):757-770.

2. Hower J (2008) Winterlicher Vitamin D-Mangel bei Kindern und Jugendlichen. Eine Praxisstudie aus Mühlheim an der Ruhr (51°N). Kinder- und Jugendarzt 8:552-555.

3. Kersting M (2008) Die Zufuhr von Kalzium und Vitamin D – Ergebnisse der DONALD-Studie. Kinderärztliche Praxis 79:296-299.

4. Deutsche Gesellschaft für Ernährung; Österreichische Gesellschaft für Ernährung; Schweizerische Gesellschaft für Ernährungsforschung, Schweizerische Vereinigung für Ernährung (DACH): Hrsg. Referenzwerte für die Nährstoffzufuhr - Vitamin D. 1. Auflage, 4. korrigierter Nachdruck ed. Frankfurt/M.; 2012.