Интервју со Claus HiPP
Уверени сме: млечни формули со органски квалитет
Името HiPP најпрво потсеќа на бебешка храна во теглички. Од кога всушност постојат HiPP млечните формули?
Claus Hipp: Многу малку луѓе знаат дека повеќе од 40 години ние произведуваме млечни формули. Повеќе од 18 години сме во можност да понудиме млечни формули со органски квалитет. И се разбира, мајките може да очекуваат еднаквао внимание во производството како што се навикнати да го добиваат со органската бебешка храна во теглички.
Зошто користите органско млеко?
Claus Hipp: Бидејќи млекото е најважната состојка во млечната формула, какво е потеклото на млекото и како кравите биле хранети за нас има значајна улога. Нашите крави се одгледуваат во ссодветни услови во зависност од видот и пасат само трева, сено и жито од фармата на која живеат. Во органските фарми Генетски модифицираната храна е исклучена во синџирот на исхрана. Органскиот квалитет не е добар само за нашите производи, туку исто – без да се користат хемиски спрејови – придонес кон заштитата на животната средина. Средина во која нашите деца растат.
Зашто HiPP се одлучи за органски квалитет и за млечните формули?
Claus Hipp: Фокусирањето на бебиња е голема одговорност. Во согласност со нашата 50 годишна органска традиција, ние одлучивме да користиме строго контролирано органско млеко во млечните формули. Се разбира ова е малку поскапо млеко од обичното млеко. Тоа може да ги одбие другите производители, но јас ве уверувам дека вреди.