Важни настани во еволуцијата на формулите за доенчиња
1968: Адаптирана млечна формула
Протеински состав сличен со оној во мајчиното млеко. Составот на протеините во мајчиното млеко се разликува од оној во кравјото млеко. Додека кравјото млеко содржи 80% казеин и 20% протеин од сурутка, во мајчиното млеко, односот е речиси обратен. Мајчиното млеко содржи само 40% казеин и 60% протеин од сурутка.
Адаптирање на составот на протеини во почетните формули со додавање на протеин од сурутка беше првиот важен чекор во правењето на храна за доенчиња слична на идеалот, мајчино млеко, и на тој начин полесно да се толерира од бебињата.
1992: LCP масните киселини
Мајчиното млеко содржи масни киселини кои се специјално прилагодени за телото на новороденчето, кои се важни за развојот на мозокот на бебето, нервните клетки и видот. Овие омега-3 и -6 масни клетки се наречени “долговерижни полинезаситени масни киселини“ или накратко “LCP” или “LCPUFAs”. Првата имитација на овие LCP се состоеше од јајца и рибини масла. Во денешно време, дополнително се користат посебни растителни масла кои имаат многу попријатен вкус.
LCP се особено важни за развојот на бебињата, особено во првите месеци од животот, бидејќи на оваа возраст телото сеуште не може да ги произведе само. Затоа, кога ќе избирате формула за вашето бебе, проверете дали има додадено LCP.
1998: Пробиотици
Пробиотици: Посебни култури за цревната флора на бебињата.
Мајчиното млеко содржи разновидност од пробиотски култури кои може индивидуално да се разликуваат. Пробиотиците од мајчиното млеко се пренесуваат на бебето во текот на доењето, се прикачуваат за зидот на цревата,таму ги соборуваат несаканите бактерии и на тој начин обезбедуваат здрава цревна флора и силна имунолошка одбрана кај новороденчињата кои се на доење. Токму затоа доените бебиња се особено добро заштитени.
Од 1998, на пазарот има млечни формули кои го имитираат овој заштитен принцип на мајчиното млеко, и исто така содржат пробиотици. Во 2002, HiPP беше првиот бренд кој се потпре на природните млечнокисели бактериски култури изолирани од мајчино млеко, кои припаѓаат на природните колонизатори на цревната флора кај луѓето.
2002: Пребиотици
Пребиотици – диететски влакна кои служат како храна за пробиотици.
Мајчиното млеко содржи големи количини на пребиотски активни олигосахариди. Тие го промовираат растот на позитивните пробиотици, така што тие можат да се размножуваат уште подобро и на тој начин да се изгради заштитен слој во цревата на бебето.
Од 2002, исто и во некои од млечните формули беа користени пребиотски диететски влакна, со цел да се обезбеди здрава цревна флора слична на онаа кај доените бебиња. Ова вклучува галактоолигосахариди (ГОС) добиени од природна лактоза, и се слични на тие од мајчиното млеко. Некои брендови исто така користат фруктоолигосахариди (ФОС) изолирани од цикорија.
2011: Пробиотици и Пребиотици
Мајчиното млеко секогаш содржи комбинација од разни про- и пребиотици кои взаемно се поддржуваат во својата функција во имунолошката одбрана кај доените деца. На тој начин, мајчиното млеко ги обезбедува бебињата не само со заштитни пробиотски култури или пребиотски диететски влакна поединечно, туку секогаш со комбинација која придонесува особено за заштита на доените деца.
После долги години истражување, HiPP беше првиот бренд кој во 2010 успеа во создавање на новата генерација на последователна формула која исто така содржи комбинација од природни млечно кисели култури и пребиотски диететско влакна (ГОС). Пребиотските диететски влакна ја подржуваат здравата цревна флора водејќисе по моделот на доените бебиња.
Од Март 2011 оваа комбинација е присутна во сите HiPP Combiotic® и HA Combiotik® млечни формули.
На овој начин, HiPP нуди широк спектар на почетни и последователни формули со природни млечно кисели култури и пребиотски диететски влакна за деца кои не се на доење.