Кога и како да го одвикнувате од доење?
Кога да се одвикнува бебето е Ваша одлука и на Вашето бебе. Нема точно одредено време кога да се одвикнете. Некои деца сакаат да бидат доени подолго од што мајките замислуваат. Личните потреба треба да се земат во предвид.
Бебињата имаат потреба од дохрана најрано со 4 месеци и најдоцна на почетокот на 7 месец. Доењето треба да биде заменето со бебешка храна постепено. Ова е најприродниот начин на овикнување.
Можете да продолжите со доење за останатите млечни оброци-се додека Вие и Вашето бебе сте среќни со тоа. Ако морате да го одвикнувате, или сакате, бавно заменете(неделно) еден подој, па друг со млечна формула.
Ако бебето го одбива другото млеко или цуцла, прво пробајте со измолзено млеко или натопете ја цуцлата во мајчино млеко.
Кога Вашето дете ќе се навикни на шишето, дајте млечна формула. Создавањето на млеко ќе се намали кога бебето ќе цица помалку, и ќе намалите внес на течности.