Што е важно за измолзено млеко?
Некогаш и во првите неколку недели после пороѓај, има ситуации како посета на лекар, купување, посети или други обврски поради кои треба да отсуствувате од дома подолг период.
Најпрво проверете дали можете да го земете бебето со Вас, најдобро со некој кој може да Ви помага. Секогаш може да се најде тивко место за доење. Ако не е возможно да го земете бебето со Вас, можете претходно да измолзите млеко. Таткото или некој друг кој се грижи за бебето може да му го даде мајчиното млеко од шише.
Измолзеното млеко треба внимателно да се чува. Советувајте се со патронажната сестра.
Измолзеното млеко може да се чува во фрижидер на +4°C – +6°C(ве молиме проверете ја температурата со термометар) во погодно, тесно затворено, чисто шише (стакло или пластика) максимум 2 дена. Измолзеното млеко треба да се чува во задниот дел на фрижидерот, каде што е најладно, а не во вратата.