Што треба и што не треба да правите за време на доењето - што смеам да правам?

По пристигнувањето на долгоочекуваното бебе време е да се започне со доењето и многу мајки се чувствуваат несигурно. Што треба да јадам и пијам, што треба да избегнувам? Moжам ли да вежбам? Овде може да прочитате некои совети и препораки во врска со доењето.

Вашата исхрана за време на доењето

Ако го доите вашето бебе, здравата и балансирана исхрана е многу важна за двајцата. Многу e веројатно,дека вие ќе чувствувате глад повеќе од вообичаено бидејќи вашето тело користи многу повеќе калории додека доите. Овошје, зеленчук, житарки, млечни производи, бело месо и риба, ги имаат сите важни хранливи состојки за вас и вашето бебе.

Некои мислења, како на пример дека гравот и кромидот може да предизвикаат гасови, доматите и лимоните да предизвикаат запек се многу раширени помеѓу мајките кои дојат, но имајте на ум дека ниедно од овие тврдења нема научна основа. Бидете сигурни дека не избегнувате одредена храна непотребно – пробајте со помали количини од различни јадења и ќе видите дали е тоа добро за вас и за вашето бебе.

Ако имате потреба од слатки јадења, пробајте со овошје, овошни салати и сушено овошје. (добра комбинација е овошје помешано со јогурт). HiPP овошните кашички може исто така да бидат идеален избор во текот на денот.

Ако практикувате вегетаријански или вегански начин на исхрана, тогаш ве молиме да се консултирате со вашиот лекар.

Внес на течности за време на доењето

Кога доите, губитокот на течности е многу поголем од претходно и многу е важно да имате доволен внес на течности, најдобро е тоа да бидат 2 или 3 литри течност дневно. Ние препорачуваме обична вода, незасладени билни чаеви како на пример HiPP чајот за доилки, или како алтернатива, чаша овошен  сок  разблажен со минерална вода. Не морате во целост да се откажете од пиење кафе наутро, но немојте да пиете повеќе од 2 или 3 кафиња дневнo. Некои бебиња стануваат вознемирени и после многу мали количини на кофеин, така да имајте го тоа на ум.

Алкохол и цигари треба да се избегнуваат целосно за време на доењето.

Вежбање за време на доењето

Во минатото се мислеше дека со вежбањето се намалува количината на млеко, а тоа не е точно. Меѓутоа, се препорачува да почекате 6 до 8 недели после породувањето пред да почнете со вежбање. По овој период, умерено вежбање е во ред - без да претерувате бидејќи тоа може да го промени вкусот на вашето млеко. Тоа не значи дека вашето млеко ќе се расипе или ќе се закисели, туку дека може да го промени вкусот. Слушајте си го вашето тело и правете го она што чувствувате дека е најдобро за вас.

Лекарства

Секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да користите било какви лекови додека доите. Некои лекарства може да се користат во периодот кога доите, а некои е потребно да се избегнуваат.