HiPP Специјални формули
Кај многу од бебињата повремено се појавуваат проблеми со стомачињата како грчеви и запек, а некои бебиња често го враќаат млекото при подригнување. Тоа е сосема нормално и нема причина за загриженост! Но, некои бебиња имаат постојано грчеви и запек или пак повраќаат многу повеќе од вообичаено.
Во овие случаи, можат да помогнат специјалните формули кои по својот состав се точно прилагодени според посебните барања на овие бебиња.
Вашиот педијатар ќе ве посоветува која специјална формула е соодветна за Вашето бебе. Специјалните формули се даваат само под медицински надзор.
Доколку вашето бебе често повраќа, HiPP АР специјалната формула може да помогне. Оваа формула го спречува рефлуксот во хранопроводот.
HiPP АР специјалната формула е со додаден високо-квалитетен рогач. Тоа е згуснувачки агенс кој ја прави формулата особено густа и кремава, и на тој начин фомулата останува во желудникот многу полесно. Поради тоа, рефлуксот во хранопроводот се намалува (анти-рефлукс).
Забелешка:
Ве молиме користете ја HiPP АР специјалната формула под медицински надзор. Подригнувањето и повраќањето треба да се намалат со користење на Анти-рефлукс формула. Доколку не, ве молиме обратете му се повторно на вашиот педијатар.