7 факти за здрав развој и силни коски кај мали деца

 

До 3-от роденеден...

... Вашето дете ќе ја удвои својата родилна висина.

И секако, неговите моторички и ментални способности истовремено ќе се развиваат со неверојатно темпо.

 

„…за здрави коски, најважно е...“

Некои хранливи материи се особено важни за да може правилно да се развива вашето дете во согласност со возраста. Малите деца и тинејџерите додека растат треба да изградат голема количина на коскено ткиво и на тој начин да обезбедат јаки коски.

 

Исхраната во првите 3 години е најважна...

... се што ќе изедеме во првите 3 години од животот ќе влијае на нашето здравје подоцна во животот.

 

За изградба на јаки коски...

... особено се важни калциумот и витаминот Д. Калциумот е важна градивна материја за коските. Витаминот Д е неопходен за нормален развој на коските и забите и влијае на имуниот систем.

 

„7 пати повеќе од мене...“

Малите деца е неопходно да имаат соодветен внес на калциум и витамин Д. Просечната потреба по килограм телесна тежина е значајно поголема кај малите деца отколку кај возрасните: децата имаат потреба од 7 пати повеќе витамин Д по kg телесна тежина и 3 пати повеќе калциум!

 

„…за да пораснат големи и здрави…“

Имуниот систем треба да го заштити вашето дете, бидејќи се повеќе го истражува светот околу себе и доаѓа во контакт со околината. До третата година имуниот систем на детето не е целосно развиен.

 

„ … сигурно.“

Исхраната која е прилагодена според возраста на детето покрај веќе познатиот витамин Д, мора да ги содржи и витамините А и Ц, за подржување на имуниот систем.