Соодветен внес на хранливи материи за мали деца
HiPP 3 Junior Combiotic® е прилагоден според посебните нутритивни потреби на малите деца – на многу едноставен начин можете да го подобрите внесот на хранливи материи кај вашето дете. Според најновите студии, повеќе од половина деца во Германија имаат недостаток од витамин Д. Нивоата на витамин Д како и бројот на деца кои имаат недостаток на витамин Д зависи од годишното време. Скорешна студија покажа дека доволна количина на витамин Д (≥20 ng/ml) се постигнува само во текот на летните месеци, а во остатокот од годината децата имаат недостаток од витамин Д.
Падот на нивоата на витамин Д по летниот период е резултат на недоволната изложеност на сонце. Всушност, 90% од витаминот Д се произведуваат во кожата, а од храната се добива само 5-10%. Доколку не сме доволно изложени на сонце, во тој случај ќе нема и доволно производство на витамин Д.